Реџеп Таип Ердоган положи денеска заклетва како претседател на Турција, две недели откако тој повторно е избран на таа положба.
„Како претседател се колнам со својата чест и интегритет пред големата турска нација и историја, дека ќе работам со сета своја сила де ја заштитам и величам славата и честа на Република Турција и непристрасно ќе ја исполнувам должноста која ја превземам“, рече Ердоган на церемонијата во парламентот во Анкара, која во живо беше емитувана на турската телевизија.
Новиот мандат на Ердоган, за разлика од претходниот, почнува до попинакво политичко опкружување, затоа што со референдум се одобрени измените на Уставот со кои на шефот на државата му се дава полна извршна власт.
Се очекува дека тој че именува кабинет од 16 министри после церемонијата во претседателската палата, на која ќе присуствуваат повеќе од 7.000 гости вклучувајќи и 50 претседатели, премиери и други високорангирани гости.
Пред јунските избори Ердоган рече дека новиот петгодишен мандат ќе м помогне од Турција да направи една од најголемите светски сили до 2023 година, кога државата одбележува 100 години од постоењето.







