„Однесувањето на Зоран Заев е недржавно, немакедонско и срамно. Зоран Заев не само што не го интересира одбраната на националните интереси и мислењето на народот, туку не го интересира ниту заштитата на македонските светости за кои се жртвувале претходните генерации.
„Зоран Заев не го интересира ниту која држава ќе им ја остави на идните генерации, а се колнеше во нив“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека „Заев непринципиелно го поистоветува влезот на државата во НАТО и ЕУ со промена на уставното име, иако од самите институции му е укажано, дека всушност се потребни вистински реформи“.
„СДСМ ги злоупотребува евроатланските аспирации на Република Македонија за протнување на своите капитулантски политики, барајќи начин како да ги заобиколи сите кои размислуваат спротивно. Зоран Заев ја погази демократијата.
„Власта сака целосно да ја исклучи опозицијата и секој кој размислува различно од него и врвот на картелот.
Зоран Заев и СДСМ не смеат да бидат пречка за демократијата во Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.







