Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев од Пелинце: Ве повикувам на референдумот со гордост да кажете ДА
Некатегоризирано

Заев од Пелинце: Ве повикувам на референдумот со гордост да кажете ДА

август 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот, Зоран Заев, во своето вчерашно обраќање на прославата во Пелинце,  ги повика граѓаните да гласаат на референдумот на 30 септември и да заокружат ДА на ливчето. Тој доби аплауз од присутните и беше поздравен со скандирање на присутните кои извиукваа „Зоки, Зоки.“

„Ве повиквуам да кажете со гордост да за да ги зграбиме можностите кои ги нуди ЕУ. Да кажеме Да за НАТО, за признаен и потврден македонски идентитет, јазик и култура. Време е Македонија да направи историја, ова е нашата шанса, одгворот треба да го дадеме заеднички. Никој нема место нас да донесе одлука – порача Заев.

Денот на референдумот, рече тој, е ден на нова историска одредница.

„Тоа е денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина. Секој од нас ја има шансата да ја донесе оваа одлука. Сега е моментот. Државотворните народи препознаваат вакви моменти и ја преземаат одговорноста да одлучат. Во вакви пресудни моменти не се седи дома, не се молчи не се остава друг да одлучи. Шансата треба да се зграби, историјата ги памети тие што се издигнуваат и му даваат сила на својот глас. Тие пишуваат историја. Историјата ги запишува нив. Да покажеме на 30 септември дека сме народ што си ја знае историјата, народ поучен од историјата дека нема да ги повторува нејзините трауми.

„Иднината е вистинскиот избор. Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина. Ве повикувам да докажете дека никој не може да ве поколеба. Излезете и изберете. Гласот на народот е конечем. Уверен сум дека Македонците и сите граѓани на татковината ќе го изберат патот кој оди напред. Тргнуваме силно и никој не може да не сопре. Македонија ќе успее. Доста беше заробена држава, криминал и политичка мафија – рече премиерот и додаде дека на овој начин ќе бидат отфрлени понудите за мрак и барањата за амнестија за криминалот.

Доста е небиднина, порача Заев, ние ќе избереме иднина.

Во голем дел од своето обраќање Заев се осврна на Договорот со Грција, кој го нарече патриотски.

Договорот што го постигнавме е историски гледано најдобрата и фер шанса, влог во македонската иднина кој го расчисти патот на нашата земја за влез во ЕУ и НАТО. Стануваме членки, со договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото културно наследство. Ќе стоиме гордо под нашиот јарбол. Со договорот химна, грбот и знамето остануваат засекогаш. Договорот го потврди и заштити македонскиот идентитет. Договорот го гарантира правото да се определуваме како Македонци, нема повеќе оспорувања – рече Заев и цитираше членови од спогодбата со Грција.

„Мој народе ова се причини за патриотизам. Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре. Овој договор е патриотиски, резултат е на таа грижа. Патриот си ако го сакаш најдоброто за својата земја – посочи тој.

Заев повика на обединетост.

„Најтешка глетка е да си го гледаш народот поделен. Да ги запреме поделбите внатре, со соседите и на поделбите со европското семејство. Илинден АСНОМ се за заедништво, а не за поделби. На граѓаните им е доста од поделби.

„Време е за храброст. Храбри сме и знаеме во секој граѓани во Македонија има по еден партизан и по еден комита. Заедно ја напишавме нашата историја, заедно ќе ја градиме нашата вековна иднина, порача тој.

актуелно ЕУ Заев македонија НАТО палинце
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.