Мирен протестен марш под мотото „Македонија ќе победи”, денеска во Кичево одржаа членовите и симпазитери на ВМРО-ДПМНЕ. Протестот почна кај кружниот тек во близина на автобуската станица. Го предводеше лидерот Христијан Мицкоски кој беше придружуван од преседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево Ѓорѓија Сајкоски и други високи раководители на ова партија.
Маршот се одвиваше мирно низ булеварот до гратскиот плоштад каде се обрати преседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој изрази задоволсво што е во Кичево од каде што потекнуваат неговите родители.
„Ова ненародна власт ќе се обидува да ја испреврти реалноста. Со оваа власт е исто како со грст злато да ти дадат ама си поставил погрешни мајстори за да градиш куќа. Не може аболициранијот Заев да не води во ЕУ и НАТО. Јас сум за ЕУ и НАТО, но сум против капитуланскиот договор на Заев и Ципрас.
Ќе имаме последици од овој договор, бидеќи ќе бидеме влада на Северна Република Македонија, но ќе се менуваат и називите и на другите институции. Членот 8 од договорот ги ислолнува желбите на јужниот сосед“, рече Мицкоски.
Ние, ќе се обидеме економски да го ослободиме народот како идна влада.







