Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев од Кавадарци: Излезете и донесете вистинска одлука за вашите деца
Македонија

Заев од Кавадарци: Излезете и донесете вистинска одлука за вашите деца

септември 16, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вчера вечерта во Кавадаци на граѓанската трибина во организација на коалицијта „Заедно за Европска Македонија“  ги поздрави многубројните граѓани со пораката дека нашата иднина е во Европска Македонија и ги повика кавадарчани да ја зграпчат историската можност позитивно да одлучат за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО со што ги осигуруваме и обезбедуваме безбедноста, трајниот мир, економскиот просперитет и стабилност на нашата државата.

Говорници на граѓанската трибина беа Љупчо Бубо Каров и пејачката Кристина Арнаудова кои ги повикаа своите сограѓани да ја дадат поддршката и да излезат на гласање на референдумот за Европска Македонија, заедно да одлучиме земјата да тргне посилно напред и да обезбедиме иднина за нашите деца.

„Јас сакам да ве повикам на 30-ти септември да излезете на гласање. Од сабајле кој пие кафе, пие, да си испие кафенцето, да си се дотера со најубавата облека, да си ја понесе најубавата насмевка со себе, да оди на гласање, да се врати и да си ги гушне децата дома и да знае дека донел вистинска одлука и за своите деца, и за својата Македонија.“ повика премиерот Заев.

Зборувајќи за важноста на референдумското изјаснување на граѓаните на 30-ти септември премиерот Заев рече дека станува збор за историска одлука за која во иднина со гордост треба да ги погледнеме нашите деца во очи дека сме им ја обезбедиле иднината во Европска Македонија.

„Ќе може да ги погледнеме децата наши во очи и да им кажеме: Ќерко, синко ние ја обезбедивме иднината тогаш кога требаше. Го направивме чекорот, донесовме одлука, обезбедивме перспективи за вас децата. Еве денеска вие живеете убаво, перспективно, може да се образувате каде сакате во Европа, може да имате рамноправен третман со сите млади луѓе како што го има по цела западна Европа.“ порача премиерот Заев.

Премиерот Заев ги повика сите граѓани заедно да одржиме лекција со референдумот за Европската Униј, за верба во европски вредности и како што рече уште еднаш да и помогнеме на Европа.

актуелно Кавадарци македонија трибина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.