Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува субвенционирањето за купување на електричен тротинет
Скопје

Почнува субвенционирањето за купување на електричен тротинет

октомври 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градот Скопје распиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети за 2018 година.

Јавниот повик ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик (29.10.2018 година, понеделник), а заклучно со 10.12.2018 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Град Скопје треба да  достави:

– Барање за надоместок

(истото може да се подигне од архивата на Град Скопје во барака 16)

– доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,

– фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

– доказ дека е извршено купување на електричен тротинет, и тоа оригинал фискална сметка  или фактура со извод од деловна банка т.е доказ за платена фактура во целост(оригинал на увид), со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик,

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден електричен тротинет.

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на електричен тротинет, заедно со потребната документација, граѓаните ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул.Илинден бр.82, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 10.12.2018 година. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

За оваа намена Градот Скопје предвиде 1.090.000 денари.

Целиот јавен повик може да го видите на следната интернет врска.

Оваа е една од бројните мерки кои Градот Скопје ги превзема во насока на промоцијата на мобилностa и алтернативните начини на превоз. Годинава беа доделени 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди, додека средствата за набавка на електрични тротинети се обезбедени со пренамена на средствата за набавка на адаптирани велосипеди за лица со посебни потреби, каде граѓаните покажаа мал интерес.

актуелно електрични тротинети надоместок скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.