Унгарија потврди дека поранешниот премиер на Македонија бара политички азаил откако избега од затворската казна за корупција.
Никола Груевски пристигна во унгарскиот главен град Будимпешта оваа недела откако не се предаде минатиот петок.
Унгарија рече дека нема врска со неговото бегство преку границата од Македонија и одби да каже како тој стигнал до Будимпешта.
Сега се појави информација дека тој заминал преку Албанија во автомобил на унгарската амбасада.
Мистеријата се продлабочила бидејќи пасошот на Груевски, наводно, бил конфискуван.
Македонија се подготвува да поднесе официјално барање до Унгарија за неговата екстрадиција.
Тој беше принуден да ја напушти функцијата во 2016 година поради скандалот со прислушување и оваа година судот утврди дека незаконски влијаел врз службениците поради купување луксузен автомобил од марката Мерцедес Бенц. Обвиненијата, велеше тој, биле политички мотивирани.
Новата влада што сега е на власт е предводена од социјалдемократи, наведува Би-Би-Си.
Како се извлекол?
Потврдувајќи дека Груевски е во земјата, владата на Унгарија не ги објави своите намери во четвртокот.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гулијас, рече само дека бегалецот барал азил и дека Унгарија немал никаква улога во неговото бегство од Македонија.
Груевски во вторникот објави на Фејсбук да е во Будимпешта и тврди дека бара политички азил поради добиени „безброј“ закани против неговиот живот.
Во изјавата на албанската полиција се вели дека Груевски бил „патник во автомобил што припаѓа на амбасадата на Унгарија“ во Тирана, кога ја преминал северната граница на земјата и влегол во Црна Гора во неделата вечер.
Налогот за негово апсење беше доставен во вторникот до албанските власти, се вели во соопштението.
Црногорската полиција потврди дека именуваното возило влегло во земјата и заминало во неделата. Од Црна Гора по копно, наједноставно да се стаса до Унгарија е патување низ Србија.
Полицијата во Македонија почна да ги истражува своите редови за можни соучесници во бегството, рече македонската влада.
Зошто да оди во Унгарија?
Груевски беше македонски премиер повеќе од една деценија од 2006 година, а како лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ е од 2003 до 2017 година.
Во тоа време имал добри односи со Виктор Орбан, кој го пофалил за неговите напори да ги спречи мигрантите без документи да минат низ Балканот кон западна Европа.
Унгарската влада во изјавата рече дека „на никаков начин“ не сака да интервенира во внатрешните работи на суверените земји и смета дека проценката на барањето на поранешниот македонски премиер за азил е единствено правно прашање.
Барањето за азил, исто така, може да биде тешко спроводливои заради веќе затегнатите односи на Унгарија со другите земји на ЕУ.
Портпаролот на ЕУ изјави за БИРН дека Брисел ги следи настаните и дека случајот „не смее да се политизира“.








