Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Десковска: Законот за амнестија нема да биде удар врз судството
Македонија

Десковска: Законот за амнестија нема да биде удар врз судството

ноември 20, 2018Updated:ноември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
(ФОТО:МИА)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за правда не работи на никаков закон за амнестија во врска со настаните од 27 април. Тој треба да биде подготвен од телото за помирување во Собранието, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

„Во Министерството за правда не сме почнале со подготовка на никаков закон. Тоа веројатно ќе оди преку телото за помирување, рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на Националната конференција на тема „Унапредување на механизмите за обезбедување пристап до правда“.

Таа го повтори ставот дека за насилствата не смее да има амнестија, во која насока, рече е и изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој направи разлика меѓу оние кои биле вклучени во насилството и другите.

-Ако почнете да спроведувате закон, секој што влегол во Собранието, без оглед дали направил насилство или не, што направил неовластен упад има основ кривично да одговара. И факт е дека против сите тие лица не се водат кривични постапки. На некој начин тие и сега не се опфатени, рече министерката Дескоска.

Таа посочи дека веќе има лица кои се осудени за насилствата во Собранието и издржуваат казна затвор за насилство врз пратеникот Села и министерката Шекеринска, а за тоа кои се лица ќе бидат опфатени со евентуалниот закон за амнестија, ќе зависи од ставот на телото за помирување

Прашана во однос на тоа дали амнестијата би се однесувала за сите 33 обвинети во случајот, Дескоска истакна дека не е запознаена со обвиненијата и по кои членови се, и оти за тоа ќе треба да се види врз основа на обвинителниот акт.

„Кога се прави закон за амнестија се прави врз основа на конкретни членови. Се амнестираат лица по наведени членови од Кривичниот законик. Така што јас не знам кои им се обвиненијата. Дали има за учество во толпа што извршила насилство, дали има за конкретно насилство, дали има за организација, за поттикнување и сл. Различни дела се. Во законот за амнестија треба да се дефинира точно кои кривични дела врз основа на Кривичниот законик би ги опфатило. Јас не им ги знам обвинителните акти, ниту сум ги проучувала. Тоа е прашање што треба да се раговара во телото во Собранието, рече Дескоска.

Според неа, доколку се донесе закон за амнестија тоа нема да биде удар врз судството.

„Теоретски, постојат два типа на пристапи во делот на правдата. Удар на владеење на право е ако се мешате во судството, ако се мешате во обвинителството, ако им кажувате како да постапуваат. Факт е дека судовите и јавните обвинители работат врз основа на законите во РМ. Ако се донесе закон за амнестија тоа ќе биде исто така законска основа по која што ќе треба да постапуваат и судството и јавното обвинителство, вели министерката за правда Дескоска.

актуелно амнестија Дескоска закон помирување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.