Кремљ го осуди „мешањето“ во изборот на нов претседател на Интерпол после апелот на американски сенатори да не се гласа за рускиот генерал кој е еден од фаворитите.
„Ова е вид на мешање во изборите на една меѓународна организација“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
На Генералното собрание на Интерпол во Дубаи делегатите оваа недела ќе гласаат за нов претседател на таа организација.
Досегашниот претседател Кинезот Менг Хонгвеј поднесе оставка откако Кина соопшти дека тој е под истрага заради сторени криминални работи.
Во трката се двајца кандидати, Јужнокорејанецот Ким Џонг Јанг, кој е и вршител на должноста претседател и поранешниот руски офицер Александар Прокопчук.
Критичарите на Кремљ реагираа на можноста да биде избран рускиот претставник.
Четворица американски сенатори ги повикаа делегатите на Интерпол да ја отфрлат кандидатурата на Прокопчук.






