Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Креко: Со азилот за Груевски, Орбан чекор поблиски до Русија
Македонија

Креко: Со азилот за Груевски, Орбан чекор поблиски до Русија

ноември 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во став објавен на европскиот медиум ЕУ Обсервер, унгарскиот аналитичар Петер Креко ги набројува причините зошто Орбан му додели азил на Никола Груевски и како тој се оддалечува од Западот.

Креко од институтот „Политикал Капитал“ во Будимпешта пишува дека и покрај изјавите дека одлуката за азилот на македонскиот експремиер е заснована исклучиво на закон, всушност станува збор за лична одлука на Орбан. Според него, фактот дека толку бргу му е обезбеден статусот на азилант е знак за „јасна политичка вмешаност“ во одлуката.

Авторот потсетува на изјавата на Орбан дека „сојузниците треба да ги третираме со почит“, алудирајќи на Груевски кого го смета за соборник во битката против Сорос и миграцијата, а не на НАТО и ЕУ.

Според аналитичарот, се поставува прашањето зошто унгарскиот премиер се сомнева во македонското судство и посебно во СЈО, кое беше „создадено со целосна поддршка од ЕУ“.

„Орбан одеднаш го обвинува македонскиот судски систем за политизираност, што е посебно иронично, кога во последните пет години Унгарија ниту еднаш не го критикувала македонското судство и не отфрлила ниту едно барање за екстрадиција од Македонија – околу петнаесет во последните години, вели Креко.

Со оглед на тоа дека потегот со Груевски ризикува да ги влоши односите на Будимпешта со Вашингтон  и Брисел, авторот прашува зошто Орбан се одлучил да преземе ваков ризик?

Првата причина, според Петер Креко, е што Орбан во поранешниот македонски премиер гледа идеолошки сојузник против Сорос и миграциската политика и со тоа им испраќа порака на неговите “источни пријатели: не за НАТО, туку за нив“.

Втора причина е порака до западните партнери од Орбан дека „не ме засега тоа што го зборувате“.

„Унгарската одлука е јасна индикација дека Будимпешта не гледа потреба да се усогласи со интересите на Вашингтон или Брисел. Наместо тоа, Орбан сака да добие на тежина со атипични потези кои ќе ги разлутат сојузниците и со тоа да ја крене Унгарија како поважна земја кога се преговара за круцијални теми, вели Креко.

За крај, со овој потег, Орбан им се додворува на „важни играчи на Истокот“, потсетувајќи на постојаната поддршка на унгарската Влада за политиките на Груевски и покрај тоа што неговата партија се противи на Преспанскиот договор потребен за влез во НАТО.

Тоа, вели авторот, не се објаснува преку интересите на надворешната политика на Унгарија бидејќи таа конзистентно во последните дваесет години ја поддржува евроатлантската интеграција на Западниот Балкан. Овој потег им служи само на интересите на Русија, смета Креко.

„Иако поранешниот премиер на Македонија не и е корисен на Русија на политичко ниво, неговите политички гледишта се во согласност со руските интереси и можат да бидат промовирани од страна на руската дезинформација во Македонија и Русија, вели Креко.

Понатаму тој потсетува дека Унгарија исто така ја блокира и Украина на нејзиниот евроатлантски пат поради спор за украинскиот закон за образование, но и на други мрачни бизнис врски на Орбан, спортивни на западните интереси.

-Општиот став за Орбанова Унгарија е дека и покрај демократското назадување на земјата, Унгарија останува партнер од доверба во ЕУ и НАТО и секогаш ја поддржува Алијансата во најкритичните последни мигови. Иако тоа беше точно во првите години од враќањето на власт на Орбан во 2010, има сѐ повеќе и повеќе индиции дека ситуацијата се менува, смета Креко.

Додава дека лојалноста на Будимпешта сѐ повеќе се врти кон „новите“ сојузници на Истокот.

„Орбан е уверен дека што и да направи тоа ќе остане без сериозни последици од ЕУ, НАТО, ЕПП и Вашингтон. Досега беше во право. Ако ситуацијата остане ваква, тој ќе продолжи да чекори кон Истокот, истовремено уживајќи ја безбедноста на западните институции како ЕУ и НАТО и капитализирајќи на нивното отсутво на акција, заклучува аналитичарот.

актуелно груевски ЕУ НАТО СЈО Унгарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.