Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување
Скопје

Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување

ноември 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пивара Скопје креираше нова дигиталната платформа која ќе им овозможи на дополнителен број млади невработени лица, особено на оние што живеат во надвор од Скопје, по електронски пат, да ја поминат бесплатната обука од програмата „ Вештини за успех“ и на таков начин да стекнат знаење и вештини кои ќе им помогнат полесно да ги надминат пречките при вработување или за почнување  сопствен бизнис .

Во првите две години од реализација на оваа програма, која досега се одвиваше само во просториите на Едукативниот центар на Пивара Скопје, обуката ја поминаа близу 1200 млади, од кои 71% се од женски пол. Со можностите што ги нуди дигиталната платформа, се очекува бројот на првично планираните 5600 лица кои би биле опфатени во програмата, да се достигне многу брзо, со што до крајот на 2020-та година би можел да биде и двојно поголем.

„Исклучително сме задоволни од досегашните работи од реализацијата на нашата програма „ Вештини за успех“. Тие покажуваат дека 36% од младите кои веќе ја поминаа обуката веќе успеаја да се вработат.Ваквиот резултат, заедно со големиот интерес што секојдневно го добиваме од голем број млади лица кои сакаат да земат учество во програмата, дополнително не охрабрува да продолжиме заедно со напите партнери, да вложуваме во развојот на младите. На овој начин веруваме дека ќе креираме дополнителни можности и перспективи за младите и ќе придонесеме за натамошно зголемување на вработувањето и развојот на претприемаштвото во земјата“ истакна генералниот директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер.

Реализацијата на оваа програма на Пивара Скопје се одвива во соработка со Државната агенција за вработување која нуди постојана поддршка, особено во одредување на кандидатите на кои најмногу им се потребни ваков вид обуки, при што предност имаат младите од социјално ранливите категории.

„Сите економски параметри и релевантни прогнози укажуваат на тоа дека оваа година ќе ја завршиме со рекордно низок процент на  вкупна невработеност во земјата. Но, и покрај тоа останува предизвикот да работиме на намалување на невработеноста кај младите која се уште е на високо ниво. Реализацијата на ваквите обуки, кои овозможуваат и учење на далечина, преку дигитална платформа, се компатибилни, со стратегијата и мерките на Владата за натамошно намалување на невработеноста, особено кај младите. Досегашните резултати што се постигнати со оваа програма се исклучително значајни и заслужуваат почит и поддршка од целата заедница“, изјави, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска

Преку новата дигитална платформа, исто како и со обуките што се реализираат во просториите на Едукативниот центар на Пивара скопје, младите добиваат можности да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаење од областа на финансиите и деловното работење, за креирање на развојните планови и управување со проекти, за ефикасно водење преговори и продажба, како и за организацијаи ефективно управување со времето и ресурсите.

„Целокупната обука која преку новата дигитална платформа станува достапна за уште поголем број млади луѓе, содржи голем обем на практично знаење и искуства од клучните области на деловното работење. Тоа знаење и искуство на младите им го пренесуваат членовите на менџерскиот тим на Пивара Скопје и други водечки претставници од бизнисот, експерти од академската заедница, од јавните институции, како и од реномираните меѓународни организации, кои учествуваат во реализација на програмата, што секако е уникатна вредност за учесниците во обуките“ вели Зоран Костовски од компанијата за деловна едукација „Мотива“, која е партнер на Пивара Скопје, во реализација на овој проект.

Инаку, програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира уште од 1997-ма година. За досега остварените резултати, на полето на деловната едукацијаи својот општествен придонес, Едукативниот центар на Пивара Скопје има добиено повеќе признанија  меѓу кои и „Националната награда за општествено одговорни практики“ во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Повеќе информации на www.polnacasa.mk

 

едукација млади Пивара платформа скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.