САД се подготвуваат да и дадат ултиматум на Русија поради кршењето на Договорот за неширење на ракети со мал и среден дострел и во случај ултиматумот да не биде исполнет тогаш Вашингтон ќе донесе официјална одлука да се повлече од Договорот.
Како што објави денеска германски „Шпигел“, американскиот претседател Доналд Трамп ја донел одлуката за ултиматум на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел на 1 декември на самитот на Г-20 што викендов се одржа во Аргентина. Според изданието, ако Москва во наредните два месеци не успее да ја намали загриженоста на Вашингтон дека не развивала и не тестирала ракети со дострел поголем од 500 километри, Американците официјално ќе ја известат Москва дека истапуваат од Договорот.
Договорот за ликвидација на овие ракетни системи беше склучен помеѓу Москва и Вашингтон во 1987 година. Од 2013 година САД започнаа да ја обвинуваат Русија дека го прекршува Договорот.
Според Вашингтон, Москва не ги почитувала обврските „да не произведува и не развива крилести ракети со копнени лансирни постројки со дострел од 500 до 5.500 километри, и дека не поседува и не произведува постројки за лансирање на такви ракети“. Станува збор за руската ракета 9М729, за која во документите што САД ги споделија со сојузниците се тврди дека била тестирана со дострел многу поголем од 500 километри.
Русија од своја страна тврди дека ракетата поминала 480 километри.
Познавачите сметаат дека шансите за тоа Русија да се согласи на исполување на условите од американскиот ултиматум се мошне мали. Москва исто така има цел список на претензии до Вашингтон. За решавање на ова прашање потребна е политичка волја која има мали шанси да биде постигната во наредните два месеци.
Оваа „последна шанса“ за Русија треба да биде разгледувана денеска на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, која се одржува во Брисел и најверојатно ќе биде дел од заедничката изјава по повод контрола на вооружувањето.
Франција и Германија претходно истакнаа дека Европа е во опасност ако Русија и САД почнат да користат ракети со мал и среден дострел и ќе се по







