Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Катругалос во САД на средби со Нимиц и со Попмео
СВЕТ

Катругалос во САД на средби со Нимиц и со Попмео

декември 10, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Aлтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во Њујорк ќе има средба со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц.

Средбата ќе се одржи во среда на 12 декември, ден пред почетокот на стратешкиот дијалог Грција- САД на 13 и 14 декември во Вашингтон. Катругалос во Њујорк ќе се сретне со Нимиц и со специјалната претставничка на ОН за кипарското прашање.

Во рамките на американско-грчкиот стратешки дијалог, што всушност е процес за поблиска соработка меѓу САД и Грција во различни области, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција ќе има средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Грчки дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, рекле дека на средбата Помпео-Катругалос, меѓу другото, ќе стане збор и за регионот, за ситуацијата на Западен Балкан, перспективите и улогата на Грција за стабилноста и соработката, но и за Договорот од Преспа како „круна на грчката активна и повеќедимензионална надворешна политика“.

А за Договорот од Преспа, на два дена пред заминувањето за САД, Јоргос Катругалос говореше во интервјуто за грчкото радио „Сто кокино“. Рече дека не сака дополнително да ги коментира изјавите на македонскиот премиер и додаде дека е „очигледно дека и двете страни се стремат да ги убедат двата народи зошто договорот е заемно корисен“.

„Ова треба да го сториме со аргументи што одговараат на текстот од договорот и треба да го сториме на начин на кој напорите на едниот нема да ги отежнуваат напорите на другиот, вели Катругалос.

Тој додава дека можеби е и корисна целата дискусија што се отвори по изјавите од македонска страна, за да се расчистат некои работи, „дека не постојат елементи на иредентизам во договорот и дека напротив договорот е алатката за еднаш засекогаш да се елиминира секаков сомнеж и секаква сенка на иредентизам“.

По последните информации во Грција дека можеби партијата Река е со променета позиција и нема да го поддржи Договорот од Преспа кога ќе дојде за ратификација  во парламентот, Катругалос уште еднаш го повторува неговиот став дека „нема сомнеж дека договорот ќе биде изгласан во грчкиот Парламент“.

„Река ќе се наврати на изјавите, на почетните позиции, токму затоа што не постои простор за диференцијација што произлегува од актуелните настани. Повторувам дека она што требаше да се расчисти, се расчисти. Договорот од Преспа не се смени, ја имаше истата содржина, истата содржина ја има и сега и неговиот дух е она што треба да го заштитиме, вели Катругалос, во интервјуто за грчкото радио.

актуелно Грција Договор преспа САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.