Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема амнестија за лицата вклучени во настаните на 27. април
Судски процеси

Нема амнестија за лицата вклучени во настаните на 27. април

декември 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предлог законот за амнестија нема да ги опфати организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието. Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка.

Овој предлог за амнестија вчера беше усвоен од Подгрупата за помирување во Собранието и доставен до Интерпарламентарната група за интеграција и помирување која треба да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што ќе се носи по скратена постапка.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа продгрупа, истакна дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање.

„Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан, посочи Рамчиловиќ.

Појасни дека во текстот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка.

За Предлог-закон за амнестија, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изјави дека нивниот став е принципиелен и дека треба да има целосна амнестија за настаните од 27 април лани во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на ова тело, затоа што, според него, станува збор за политички пазарења поврзани со уставното име Република Македонија.

Јавната обвинителка Вилма Русковска вчера изјави дека се прибираат докази за лицата кои беа дополнително споменати на судењето за случувањата во Собранието за 27 април, оти, како што рече, не може да се поведе постапка само врз основа на исказ на еден обвинет. Таа потенцира и дека ако има докази нема да има проширување на постапката, туку оти може да има комплетно нова.

27 април актуелно амнестија вмро-дпмне собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.