Европските перспективи на Република Македонија и очекувањата од претстојното претседавање со Советот на Европската унија беа теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров и романскиот министер – делегиран за европски прашања, Џорџе Чиамба.
„МНР Димитров упати благодарност до министерот Чиамба за претседателство да биде гласен поддржувач на политиката на приближување на регионот кон ЕУ и изрази надеж дека во јуни 2019 година ќе споделиме заеднички успех – Романија како земја претседавач, а Македонија како земја преговарач со Унијата, се вели во соопштението
од МНР.
Притоа, министерот Димитров потенцирал дека Република Македонија посветено работи на постигнување конкретни и видливи резултати во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ и брифирал за текот на спроведување на дел од клучните реформски политики на Владата на Република Македонија.







