Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од 1 јануари ќе функционираат дежурни пунтови за деца во поликлиниките Бит Пазар, „Јане Сандански“ и во Ѓорче Петров
Во Фокусот

Од 1 јануари ќе функционираат дежурни пунтови за деца во поликлиниките Бит Пазар, „Јане Сандански“ и во Ѓорче Петров

декември 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 1 јануари ќе почнат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, „Јане Сандански“ и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле.

Функционирањето на пунктовите денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој го посети дежурниот пункт во Поликлиниката Бит Пазар. Пунктовите ќе функционираат 24 часа, додека нивните лаборатории до 23 часот навечер цела недела. Ќе се прават анализи на нови хематолошки анализатори и инхалатори.

Министерот Филипче посочи дека во пунтовите ќе работат искусни лекари дополнително тренирани во сферата на педијатријата кои ќе можат во многу краток период заради близината во однос на местото на живеење да им дадат помош на децата на кои им е потребна. Појасни дека лекарите ќе бидат и во постојана комуникација со дежурните на Детската клиника и Детската болница Козле и по потреба за потешките случаи и на оние на кои им е потребна болничка нега ќе бидат препраќани во овие две институции.

„На овој начин значајно ќе се олесни пристапот кон здравствена заштита за децата. Навистина е мал бројот на педијатри во Скопје и насекаде низ државата. Преземаме мерки со кои тој број ќе се зголеми со прием на нови доктори на клиниките и во Здравствениот дом, понатаму специјализации и едукации, а во моментов се соочуваме и со недостиг на ментори. Покрај тој долгорочен процес кој го спроведуваме за зајакнување на овие капацитети и во овие услови даваме екстра услуга со која значајно ќе се олесни пристапот и ќе се зголеми квалитетот на педијатрискиот сервис на жителите на Скопје, рече Филипче.

Директорот на Здравствениот дом Скопје, Злате Мехмедовиќ рече дека почнале едукација на персоналот кој ќе работи во дежурните пунктови, за да можат поефикасно и постручно да се справат со проблемите од педијатриска природа.

„Во наредниот период очекуваме не само да биде намален бројот на пациенти кон Детската клиника туку и тие да го препознаат овој сервис како вистински и да почнат овие услуги да ги користат многу почесто отколку услугите на таа клиника, додаде Мехмедовиќ.

актуелно здравствен дом пунктови скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.