Секоја Нова година во американската популарна култура се вжештува дебатата за тоа кој филм се смета за главна семејна божиќна атракција на малите екрани.
Приматот досега го држеше холивудскиот акционен хит „Умри машки“ со Брус Вилис во главната улога, кој со години Американците го оценуваа како „божиќен филм“.
Но, според најновата анкета спроведена од „Морнинг Консулт“ и „Холивуд Рипортер“, филмот ја губи популарноста и не е повеќе главна телевизиска забава за Божиќ, кога најблиското семејство се собира околу трпезата и ја испраќа годината што изминува.
Според анкетата, 62 проценти од Американците немаат намера да го гледаат „Умри машки“ за време на божиќните и новогодишните празници.







