Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе се ратификува со над 151 глас
Македонија

Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе се ратификува со над 151 глас

јануари 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за радиото „Њуз247“, уште еднаш повтори дека во грчкиот Парламент постои мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа и објасни дека неколку дена по гласањето, ќе се ратификува и протоколот за влез на Македонија во НАТО.

– Целта на Владата, но и парламентарните корелации онака како што се формирани во овој момент покажуваат дека Договорот од Преспа ќе се ратификува со над 151 глас, како што е и потребно, истакна портпаролот на грчката Влада и министер без ресор.

Ѕанакопулос ги демантира шпекулациите и сценаријата дека протоколот за членство на Македонија во НАТО би се ратификувал по изборите во Грција, коментирајќи дека „тие информации немаат никаква врска со реалноста“.

„Протоколот ќе се ратификува по неколку дена од моментот кога Договорот од Преспа ќе дојде за ратификација во Парламентот, штом ќе биде изгласан токму со апсолутно мнозинство пратеници, а очигледно е дека тоа е целта на Владата. Самиот премиер во разговор со новинарите разјасни дека сето она што се споменува за веројатно префрлање на гласањето на протоколот за влез во НАТО по изборите е апсолутна глупост, рече Ѕанакопулос.

Тој изрази надеж дека најмалку четири пратеници на Река, меѓу кои и лидерот на партијата, ќе гласаат за ратификација на договорот.

Во однос на веројатноста Нова демократија да поднесе предлог за гласање недоверба на Владата, Ѕанакопулос коментираше дека таквата иницијатива е добредојдена.

„Очекуваме господинот Мицотакис да го повтори потегот што го направи лани во јуни за да го добие истиот одговор, рече Ѕанакопулос во интервјуто за радиото и објасни дека и со евентуалното повлекување на Независни Грци од коалицијата, во никој случај нема да има недоверба за Владата од Парламентот.

актуелно Договор преспа ратификување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.