Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас-Меркел: Се отвора нив циклус во грчко – германските односи
Европа

Ципрас-Меркел: Се отвора нив циклус во грчко – германските односи

јануари 10, 2019Updated:јануари 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За нов циклус и нова ера во билатералните односи, говореа вечерва грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес конференцијата по нивната средба во Атина. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на агендата разговорите Ципрас-Нерјел се најдоа економијата, бегалскиот проблем, грчкогерманските односи, предизвиците во пресрет на евроизборите, европската перспектива на земјите од регионот, но и Договорот од Преспа.

Ципрас и Меркел по нивната денешна средба во премиерската палата во Атина рекоа дека многу работи се променети и од првата посета на грчкиот премиер на Берлин, но и по последната посета на германската канцеларка на Атина во 2014 година.

„Навистина се затвора еден циклус. Кога премиерот Ципрас дојде првпат во Берлин, ситуацијата беше целосно различна и требаше да научиме како можеме добро да соработуваме заедно, дури кога секој од нас имаше различни позиции. Тоа го постигнавме, бидејќи се разви доверба меѓу нас и работите ги видовме искрено, секогаш имајќи ја на ум целта за изнаоѓање решение. Знам дека грчкиот народ, луѓето тука, поминаа многу тежок период преку програмите, период во кој Грција добиваше поддршка, а Германија придонесе во тоа, но во главно Грците беа тие што требаше да поминат тешки и болни реформи, рече германската канцеларка и додаде дека она е што сега важно е Грција да застане на свои нозе.

Грчкиот премиер изјави дека во минатото било потребно да се води битка со стереотипите „за авторитарниот Германец и мрзливиот Грк“, кои оставија печат во јавниот говор, истакнувајќи дека овој пат Меркел дошла во една поинаква Грција во однос на 2014 година кога последен пат ја посети Атина.

Тогаш Ципрас беше заедно со демонстрантите кои протестираа против посетата на Меркел. Токму ова беше и едно од прашањата упатени до грчкиот премиер на прес-конференцијата за промената на неговиот став Ципрас рече дека од позиција на премиер „е потребно да најдеш реален пат и решенија што ќе бидат корисни за сите“.

„Кога си во позиција на премиер обврзан си да ги претставуваш сите граѓани од земјата, сите Грци и Гркинки и ова е позиција која ти носи одговорност за да го најдеш најдоброто можно решение во корист на сите оние што ги претставуваш.

„Ги претставуваш и оние што протестираат и оние што се плашат од протестите…. Ги претставуваш и оние што се невработени и оние што се плашат да не ја загубат работата, рече грчкиот премиер. Ципрас на прес-конференцијата откри дека Германија во 2020 ќе биде почесна земја на Меѓународниот саем во Солун.

 

Тој рече дека верува оти односите меѓу двете земји се одлични, но „не ги забораваат нерешените прашања што ги остави историјата, како што се воените репарации или наметнатиот окупациски заем“.

По средбата во премиерската палата, Ципрас и Меркел, разговорите ги продолжија на вечера во ресторан во Пиреја.

Паралелно со средбата, во центарот на Атина се одржаа и протести против посетата на Меркел, организирани од левичарски и анархистички групи и организации. Дел од демонстрантите се судрија со полицијата откако се обидоа да го пробијат полицискиот блок и да стигнат до грчкиот Парламент.

актуелно Атина Грција Меркел ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.