Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грушко: Не се мешаме во работите на Грција околу името на Македонија
Македонија

Грушко: Не се мешаме во работите на Грција околу името на Македонија

јануари 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко изјави дека Москва не се меша во внатрешните работи на Атина во ситуацијата  поврзана со името Македонија, но ќе продолжи да го искажува мислењето по тоа прашање, бидејќи тоа е во надлежност на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Ние на никаков начин не  се мешаме во внатрешните работи на Грција, но по прашањата кои спаѓаат во надлежност на Советот за безбедност на ОН, Русија ќе го изразува сопственото мислење,изјави рускиот дипломат, пренесе ТАСС.

Грушко изјавил дека коментарот на руското МНР со кој се осудува одлуката на македонскиот Парламент да го промени Уставот заради промена на името на земјата претставува суштинска оценка за тоа „како течеле преговорите (помеѓу Атина и Скопје за преименување на Македонија), под чиј меѓународен притисок и за мешањето без преседан кој го покажал западот во постигнување на потполно јасни геополитички цели“.

Грчкото Министерството за надворешни работи во реакцијата по соопштението на руското МНР во врска со Договорот од Преспа, соопшти дека Договорот уште од потпишувањето придонесува во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, воедно е и меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни суверени држави под покровителство на ОН, без мешање на трети страни.

„Споменување на политички случувања во внатрешноста на земји пријатели од руското Министерство за надворешни работи не е во согласност со нивото кое ги карактеризира грчко-руските односи и трајните врски на пријателство меѓу нашите народи, велат од Министерството за надворешни работи на Грција и додаваат дека ова создава „разумна загриженост бидејќи го занемарува одреденото со закони и ефективното демократско функционирање на институциите во Грција и на Уставот во кој има јасни одредби“ за справување со секакви можни случаи и „секако не е сфера за коментари од страна трети страни“.

И македонското Министерство за надворешни работи вчера објави реакција на коментарот на руското МНР во врска со усвојувањето на уставните измени што произлегуваат од Договорот од Преспа, напоменувајќи дека овој Договор не само што не задира во интереси на трети страни, туку суштински придонесува за регионалната стабилност.

„Договорот од Преспа не само што не задира во интересите на трети страни, туку суштински придонесува кон регионалната стабилност, пријателство и соработка и како таков претставува  пример и модел за решавање на отворени прашања меѓу државите, се наведува во реакцијата на македонското МНР.

актуелно грушко договбор македонија мешање МНР преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.