Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Катругалос: Правото на самоопределување не може да биде дел од договор
Македонија

Катругалос: Правото на самоопределување не може да биде дел од договор

јануари 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државите признаваат држави, а не народи или нации, самоопределувањето не може да биде предмет во договорите, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос на денешната расправа на Комисијата за надворешни работи и одбрана.

Катругалос објасни дека прашањата поврзани со државјанството се правни прашања, а прашањата за националниот идентитет и интеграцијата во една националност се прашања на свест и самоопределување.

„Правото на самоопределување е право согласно апсолутното задолжително право и не може да биде предмет на регулирање со договор. Според тоа, Грција не признава и не би можела да признае македонска нација или народ со овој договор, рече Катругалос.

По обраќањето на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, дискусијата се прошири околу термините националност и државјанство.

Претседателот на Комисијата, пратеникот од СИРИЗА, Костас Дузинас, објасни дека терминот националсност ја одредува правната врска на граѓанинот со државата, а терминот „граѓанство“ политичката врска на граѓанинот со државата.

Јоргос Кумуцакос од Нова демократија коментираше дека во договорот, во делот за државјанството требало да биде само терминот „државјанство на Северна Македонија“.

„Ако е само државјанство, зошто е потребен терминот „Македонци“? Бидејќи државјанството е врската со државата. Кога државата според договорот се вика Северна Македонија, зошто државјанство не остана исклучиво државјанство на Северна Македонија, туку се додаде и терминот „македонски“? Очигледно бидејќи другата страна во преговорите сакаше овој термин да ја покрива националноста, а грчката страна го прифати тоа, рече Кумуцакос.

Тој, неговото тврдење дека станува збор за идентитет го поткрепи со членот 7 (3), што го прочита пред присутните на комисијата дека споменувањето на термините македонско, македонска, македонско што се однесуваат на втората страна, а со кои се подразбира, државата, јазикот, населението и нивните карактеристики се различни од оние на првата страна.

„Ако овие елементи  не формираат идентитет, тогаш што формира?, праша Кумуцакос.

Во продолжение реагираше и поранешниот коалициски партнер во владата, лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, велејќи дека, „Катругалос рече дека е нивно право да се самоопределуваат како македонски народ“.

„Со самото тоа што министерот призна од овде од грчкиот Парламент, пред седум минути, пропаѓа прашањето за договорот. Сакам или министерот да каже дали е така како што претходно кажа или да го повлече кажаното и дека го кажал по грешка, му порача Каменос на Ктругалос.

„Јасно кажав државите признаваат држави и имаме ерга омнес решение за името на соседната земја, не само за името Северна Македонија, туку соседната земја е обврзана да го смени во сите државни институции, организации, на сите државни објекти, името од Македонија во Северна Македонија, на овој начин завршува ова нерешено прашање и монополизирањето на името Македонија од соседната земја, рече Катругалос, одговарајќи му на Каменос.

Комисијата за надворешни работи и одбрана, веќе три и пол часа расправа за нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа.

Според најавите на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, Комисијата по завршувањето ќе изготви извештај, а потоа, во среда и четврток за нацрт законот според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа, ќе расправа Парламентот на пленарна седница, по што ќе следи и гласањето

актуелно народи нации Самоопределување Сириза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.