Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Што се случува во Венецуела?
Во Фокусот

Што се случува во Венецуела?

јануари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најбогатата држава со нафта во светот Венецуела е во тешка економска, веќе и во политичка криза. Сиромаштијата се повеќе се шири поради што околу три милиони жители ја напуштија Венецуела. Од вчера опозицијата сака да ги преземе работите во свои раце додека актуелниот претседател Николас Мадуро нема намера да ја предаде власта и вели дека има поддршка од армијата.

Ситуацијата е сериозно опасна бидејќи постои реална закана од почеток на граѓанска војна. Приврзаници на опозицијата со денови протестираат против новиот мандат на Мадуро во градовите Караказ, Валенсија, Баркисименто, Маракаја, Санхристобал. Во изминатите три дена повеќе од 200 луѓе беа приведени најмалку 16 демонстранти се загинати.

Од своја страна Мадуро ги повика своите приврзаници на демонстрации за поддршка на владата. Претседателот на Парламентот Хуан Гуаидо синоќа се прогласи за
привремен претседател и даде заклетва. Веднаш по тој потег американскиот претседател Доналд Трамп го призна официјално Гуаидо за вршител на должноста, претседател на Венецуела. Тој ги повика и другите западни влади да го признаат Гуаидо и најави продолжување на притисокот врз Караказ.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го повика Мадуро да ја напушти претседателската функција и ја повика армијата на Венецуела да ги поддржи напорите за обнова на демократијата. Како одговор венецуелскиот министер за одбрана Падрино Лопез објави дека армијата е на страната на Мадуро и не го признаваат Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела. Претходно Мадуро соопшти дека државата ги
прекинува дипломатските односи со САД .

„Одлучив да бидат прекинати дипломатските и политички односи со империјалистичката влада на САД. Надвор! Да си одат од Венецуела, тука
имаме достоинство, изјави Маудо.

Тој им даде рок од 72 часа на дипломатите на САД да ја напуштат Венецуела. Мадуро ги обвини опозицијата и САД дека се обидуваат да извршат државен удар и да донесат на власт марионетска влада. Хуан Гуаидо преку Твитер објави дека Венецуела поддржува дипломатски односи со сите држави во светот и изрази подготвеност да биде обновен уставниот поредок во државата. Во писмо до амбасадите до сите држави
кои имаат диполоматски претставништва во Венецуела Гуаидо ги повика да го зачуваат дипломатското присуство во државата.

Европската комисија соопшти дека внимателно го следи развојот на ситуацијата во Венецуела.

Шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини повика за „итно почнување политички процес во Венецуела по кој ќе се оддржат слободни избори во согласност со Уставот“.

Француското претседателство соопшти дека се консултира со европските партнери пред да заземе став додека германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика страните во конфликтот во Венецуела да зачуваат мир и да се воздржат од насилство. Венецуела има повеќе нафта од која и да е друга држава во светот. Некогаш беше една од најбогатите држави во Латинска Америка, а денес Венецуела страда од недостиг на речиси се – од тоалетна хартија до антибиотици и храна. Економијата веќе пет години по ред е во голем пад.

Економската ситуација и репресиите против оние кои не се согласуваат со владината политика натераа речиси три милиони Венецуелци да ја напуштат држатавата. САД и ЕУ воведоа санкции против таа држава заради непочитување човекови права, политички репресии и корупција. Лидерот на опозицијата кој се самопрогласи за претседател, Хуан Гуаидо беше речиси непознат досега. Од него се очекува во следните денови да успее одново да ја мобилизира опозицијата и сите противници на Мадуро кои во изминатиот период беа поделени и ослабени.

Гуаидо на 5 јануари стана претседател на Парламентот. Во изминатите години влијателните луѓе од опозицијата како Енрике Каприлес, Фреди Гевара и Леополдо Лопез исчезнаа од политичката сцена. Лопез е во домашен притвор, Каприлес е лишен од граѓански права, а Гевара побара азил во Амбасадата на Чиле во Каракас. Гуаидо е во политиката од 2007 година откако учествуваше во протести против поранешниот претседател Хуго Чавез.

Тој има поддршка од генералниот секретар на Органзиацијата на американски држави Луис Алмагро на САД и Бразил. Во неделата светот го обиколија инсерти од пасењето на Гуаидо од страна на венецуелската разузнавачка служба. Неколку часа подоцна тој беше ослободен. Два дена подоцна доби поддршка од потпретседателот на САД, Мајк Пенс за „смелото лидерство“.

Венецуела економска криза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.