Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Гуаидо се самопрогласи за претседател на Венецуела, Мадуро прекина дипломатски односи со САД
СВЕТ

Гуаидо се самопрогласи за претседател на Венецуела, Мадуро прекина дипломатски односи со САД

јануари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот  на венецуелското Национално собрание, Хуан Гуаидо синоќа се прогласи за вршител на должноста претседател на Венецуела.

„Денеска, на 23 јануари, објавувам дека формално ги преземам надлежностите на националната извршна власт како претседател на Венецуела, за да се стави крај на узурпацијата, изјави Гуаидо во обраќање на антивладиниот протест во Каракас.

Гуаидо раководи со Националното собрание, во кое мнозинство има опозицијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Ширум Венецуела со денови со одржуваат протести со барање за оставка на претседателот Мадуро.

По самопрогласувањето на Гуаидо, се огласи американскиот претседател Доналд Трамп, која соопшти дека САД го признаваат спикерот на Парламнетот за в.д. претседател на Венецуела.

„Денеска, официјално го признавам претседателот на венецуелското Национално осбрание, Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела, се вели во вчерашното соопштение на Трамп, во кое се нагласува дека Парламентот е „единствениот легитимен орган на власта“ во земјата.

Трамп при тоа ги повика и другите западни земји да го признаат Гваидо за претседател, со што, според него, ќе се засили притисокот врз Каракас.

По Трамп, се огласи и генералниот секретар на Организацијата на американски држави (ОАС), Луис Алмагро, кој истакна дека и овој панамерикански блок го признава Гуаидо за времен претседател на Венецуела.

Мадуро беше резибран за претседател на избори одржани лани во мај, кои ги бојкотираше опозицијата и чии резултати не беа признати од ОН, ОАС, ЕУ и повеќе западни земји, вклучително и САД и Австралија, со образложение дека при гласањето имало многу нерегуларности и не било во согласност со демократските стандарди.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази надеж дека цела Европа ќе се обедини во поддршката за демократските сили во Венецуела.

„За разика од Мадуро, парламенарното собрание вклучувајчќи го и Хуан Гуаидо, има демократски мандат што им го дале граѓаните на Венецуела, напиша Туск на Твитер.

По САД, и други држави од тој континент соопштија дека го признаваат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Мексико и Боливија сепак, соопштија дека и понатаму го признаваат Николас Мадуро за претседател на таа јужноамериканска држава.

Канада, Бразил, Аргентина. Колумбија, Парагвај. Чиле, Перу, Гватемала, објавија дека го признаваат лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Во меѓувреме, претседателот на Венецуела Николас Мадуро  објави дека ги прекинува дипломатските односи со САД и на нивните дипломати им даде рок од 72 часа да ја напуштат државата. Тој нагласи дека САД прават „огромна грешка“ обидувајќи се да наметнат претседател на Венецуела и ги критикуваше другите држави дека го следел примерот на Вашингтон. Мадуро рече дека опозицијата се обидува да изврши државен удар и ја повика армијата да го сочува единството.

Армијата на Венецуела одби да го признае претседателот на Парламентот, Хуан Гуаидо за привремен претседател, соопшти министерот за одбрана Падрино Лопес.

„Војниците не го признаваат претседателот кој ни е наметнат под влијание на странски интереси и самопрокламирано, незаконски. Вооружените сили го бранат Уставот и го гарантираат националниот суверенитет, напиша Лопес на Твитер.

Венецуела Претседател прогласи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција

октомври 16, 2026

Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.