Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Победата на „Медена земја“ е голема афирмација на нашата земја и култура, честитка од Заев до авторите
Култура

Победата на „Медена земја“ е голема афирмација на нашата земја и култура, честитка од Заев до авторите

февруари 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Успехот што го постигна долгометражниот документарен филм „Медена земја“ во три категории, за најдобар документарен филм, за најдобра кинематографија и специјално признание од жирито за влијание за промена, претставува голема афирмација и промоција на нашата земја и култура.

Ова стои во честитката што премиерот Зоран Заев, од свое лично име и од име на Владата на Република Македонија, ја упати до режисерите на долгометражниот документарен филм „Медена земја“, Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и до целиот тим кој работеше на ова, како што се посочува, маестрално филмско остварување, кое триумфира со победа во три категории на престижниот филмски фестивал Санденс (Sundance), којшто се одржува во Парк Сити, Јута во САД, соопшти владината пресслужба.

„Упатувам искрени честитки за постигнатиот успех, кој верувам во иднина ќе биде уште поголем мотив и инспирација за креација на нови врвни филмски дела. Владата на Република Македонија и Агенцијата за филм ќе продолжат да поддржуваат квалитетни филмски проекти и млади автентични филмски работници со цел нашата култура да добие своја афирмација со учество на што е можно повеќе македонски филмови на престижни светски филмски фестивали, посочува премиерот Заев во честитката упатена до целиот тим што работеше на филмот, кој наградата ја освои во конкуренција на 11 документарни филмови.

Во честитката се додава дека на големото достигнување на документарниот филм „Медена земја“ за промоција на нашата земја и култура се надоврзуваат и големите успеси на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска, кој е прв македонски филм кој влезе во трката за престижната „Златна мечка“ на годинешниот 69 Берлински филмски фестивал, како и учеството на филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставревски на бројните филмски фестивали, кој воедно беше и филм кандидат за номинација на годинешниот Оскар од нашата земја.

актуелно афирмација Заев култура честитки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.