Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Производителите на јаболка на средба со претставници од МЗШВ
Економија

Производителите на јаболка на средба со претставници од МЗШВ

февруари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, во Скопје ќе имаат работен состанок со производителите на јаболка од преспанскиот регион, на кој што ќе присуствуваат откупувачи и претставници од преработувачката индустрија.

Како што соопштија од Министерството за земјоделство, на состанокот е предвидено да се разговара за моменталната состојба со откупот на конзумно и индустриско јаболко, мерките кои ги презема Владата за овој сектор, но и за предлозите од страна на овоштарите.

Инаку, се потсетува дека според последните податоци со помош на интервентната субвенција од 3 денари за килограм предадено индустриско јаболко, што се донесе со Прoграмата за 2018-та година, досега се откупени околу 50.000 тони индустриско јаболка. МЗШВ и во новата Програма за директни плаќања по консултациите со овоштарите направи промени за развој на оваа гранка, со цел од една страна да им се овозможи на производителите на јаболка рентабилно производство, а друга страна да се обезбеди квалитетно и конкуретно производство.

„Една од крупните промени е во делот на овоштарството, вклучително и за јаболката, за прв пат се врши прилагодување кон насоките на Европката унија и од Светска банка, а тоа значи трансформирање на мерката за дополнителна поддршка што постоеше во претходните програми, во субвенцијата по хектар. Трансформирањето на субвенцијата за килограм предадено јаболко е направено врз основа на длабински анализи и пресметки, и истата е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка. Односно оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнително сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар, наведуваат од Министерството.

Преку новата Програма за рурален развој, односно преку мерката за предфинансирање на проекти за преработувачки капацитети, се наведува, ќе се создаде можност за обезбедување сигурен пласман на земјоделските производи вклучително и за јаболката и за решавање на вишокот на производи.

Со цел да им се помогне на овоштарите од овој регион кој изминативе години беше најпогоден од временските непогоди, токму земјоделците од преспанскиот регион први ги добија парите за обештетување од временските непогоди. Владата кон крајот на април, лани, исплати 85 милиони денари за обештетување на 2.355 земјоделци во Ресен, подвлекуваат од МЗШВ.

јаболка МЗШВ преспа производители
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.