Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Депозитите и кредитите во јануари бележат пад на месечно ниво, на годишно имаат раст
Економија

Депозитите и кредитите во јануари бележат пад на месечно ниво, на годишно имаат раст

февруари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Депозитите во јануари на месечно ниво бележат пад од 0,8 отсто што се должи на намалување на депозитите на корпоративниот сектор и поумерено намалување на депозитите кај домаќинствата. На годишно ниво, како што соопштува Народна банка на Република Северна Македонија, има раст од 10,6 отсто и е резултат на растот кај двата сектора.

„По сезонски високиот раст во декември, вкупните кредити во јануари се намалија за 0,8 отсто на месечна основа. Во услови на зголемено кредитирање на секторот „домаќинства“, месечното намалување во целост произлезе од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, кое забележа значителен пораст во претходниот месец. Анализирано на годишна основа, стапката на кредитен раст изнесува 7,8 отсто и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“, наведуваат од НБРСМ.

Кај депозитите на корпоративниот сектор во јануари е евидентирана надолна месечна промена од 2,6 отсто, што, според НБРСМ главно произлегува од намалувањето на депозитните пари, а во помал дел и од падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута.

На годишно ниво депозитите на корпоративниот сектор бележат раст од 10,6 отсто и во најголем дел е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити (во странска валута и во денари), како и на депозитните пари.

Во јануари, кај кредитите на корпоративниот сектор се бележи месечно намалување од 1,9 отсто, додека во споредба на годишна основа е остварен раст од 5,7 отсто. Најголем придонес во месечниот пад, односно годишниот раст имаат кредитите одобрени во денари. Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен пад од 0,5 отсто, кој, како што стои во соопштението, целосно се должи на намалувањето на депозитните пари, во услови на раст на орочените депозити во денари и странска
валута.

Анализирано од аспект на валутната структура, на годишна основа е остварена стапка на раст од 9,3 отсто, што произлегува од растот и на денарските и на девизните депозити, при поизразен придонес на депозитите во денари (57,4 отсто).

Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, вообичаено за првиот месец од годината, кај најзастапената категорија ‒потрошувачки кредити е забележан месечен пад од 0,1 отсто, додека на годишна основа е остварен раст од 10,9 отсто.

Од НБРСМ наведуваат дека станбените кредити и натаму бележат месечен и годишен раст што овој месец забавува и изнесува 0,5 отсто и 14,5 отсто.

Во јануари, автомобилските кредити имаат месечно и годишно зголемување од еден отсто и 1,1 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,6 отсто, соодветно.

Овој месец,негативните салда на тековните сметки забележаа месечени годишен раст од 9,2 отсто и 4,8 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи имаат остварно месечен пад од 0,5 отсто, при истовремен годишен раст од 1,6 отсто.

бележат пад депозити јануари Кредити нбрсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.