Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Имплементиравме најмногу препораки на ЕК за економски реформи
Економија

Тевдовски: Имплементиравме најмногу препораки на ЕК за економски реформи

февруари 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за финансии Драган Тевдовски, кој во Љубљана учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“, истакна дека Република Северна Македонија е лидер меѓу земјите од регионот во спроведување на препораките на Европската комисија за реализирање на Програмата за економски реформи.

„Минатата 2018 година, имплементиравме најмногу препораки од сите земји аспиранти за влез во ЕУ. Лани бевме најдобри со 54,4 проценти реализација. Во моментов, процентот на реализација на договорените активности е 65 проценти. Уверени сме дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период и дека дијалогот со Европската комисија ќе биде поттик да дојдеме до најдобрите решенија за земјата, рекол Тевдовски.

На конференцијата, како што соопшти Министерството за финансии, било истакнато дека во процесот на пристапување кон ЕУ, економиите на земјите – аспиранти треба да станат доволно витални за да ги издржат конкурентните притисоци на единствениот пазар на ЕУ. Како најважни области кои треба да се зајакнат биле посочени економското управување, конкурентноста и трговијата, а клучни инструменти на политиката во овој процес се програмите за економски реформи, вклучувајќи ги структурните реформи, со цел да се поттикне растот и конкуренцијата, а истовремено да се обезбеди фискална дисциплина и одржливост.

Тевдовски се осврнал и на реализираните реформи во областа пензискиот систем, даноците, на спроведувањето на здрави фискални политики и на транспарентноста при трошењето на јавните пари. Нагласил дека јавниот долг е ставен под контрола и оти е зајакната фискалната дисциплина.

„Од 2008 до 2016 јавниот долг рапидно растеше – практично беше удвоен од 23,3 отсто на 48,8 отсто од БДП. На крајот на 2018 година, јавниот долг е на исто ниво со 2016 година. Затоа со право може да кажеме дека ако порано сме имале брзорастечки јавен долг – вон контрола, сега тој е стабилизиран и е под контрола, посочил Тевдовски.

На панелот на кој учествува Тевдовски, присутни се и министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ, заменик министер за финансии и економија на Албанија, Ерјон Лучи, координаторот за Програмите за економски реформи на Босна и Херцеговина, Зоран Жељко и Ирена Дрмеж од Министерството за финансии на Словенија. Воведничар е Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за проширување.

Подготовката на Програмата за економски развој е координирана од страна на Министерството за финансии, а се доставува до ЕК по нејзиното усвојување, најдоцна до 31 јануари. Потоа таа се оценува преку оценски мисии во земјата од страна на ЕК, Европската централна банка и Еуростат, по што започнува дијалог во рамки на Советот на ЕУ. Процесот завршува со донесување заеднички заклучоци врз основа на оцената на Програмата за економски реформи и се даваат препораки за подобрување на макроекономската политика на земјата, управувањето со јавните финансии и квалитетот на структурните реформи.

актуелно ЕУ имплементирани министрество препораки финансии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.