Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Скопје
Истраги

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Скопје

март 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и уште три лица од градската администрација за злоупотреба на службена положба и овласувања при изборот на директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје по оглас од 2014 година.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Т.(63), Н.И.(65), В.Ѓ.(53) и Б.Т.(67), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Првопријавениот К.Т., како градоначалник на град Скопје, се наведува, во текот на декември 2014 донел Одлука за распишување на јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје, врз основа на што бил објавен Јавен конкурс и била спроведена постапка за избор на директор на претпријатието. За спроведување на постапката биле назначени Н.И. – раководител на секторот за општи работи во Град Скопје, претседател на комисијата за спроведување на постапката за избор на директор во ЈП „Водовод и Канализација“, а В.Ѓ. – раководител на одделение за управување со човечки ресурси во Град Скопје и Б.Т. – раководител на сектор за правни работи во Град Скопје, во својство на членови на комисијата.

„Претседателот и членовите на комисијата не извршиле проверка на комплетноста и валидноста на доставената документација од кандидатите за распишаниот јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Од 11 пријавени кандидати за директор бил избран кандидатот А.А., кој имал некомплетни документи, односно дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана. Ваквата одлука тие ја доставиле до К.Т., кој исто така, не извршил проверка и донел Одлука за избор на А.А. за директор на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, се посопчува во соопштението.

По изборот, се додава, Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), до Министерството за труд и социјална политика и до Државниот инспекторат за труд, поднеле претставка за начинот на избор на директор.

„По извршениот инспекциски надзор во јавното претпријатие, на К.Т. му било укажано да ја преиспита одлуката за избор на директор на претпријатието и да донесе одлука во согласност со своите надлежности, но тој не преземал никакви дејствија со што му овозможил на лицето А.А. да продолжи да ја извршува функцијата, се наведува во соопштението од МВР.

градоначалник кривична пријава поранешен скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет

октомври 19, 2026

Полицијата санкционираше 102 возачи за неработниот ден

октомври 13, 2026

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.