Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Промовиран Националниот координативен центар за сузбивање организиран и сериозен криминал
Македонија

Промовиран Националниот координативен центар за сузбивање организиран и сериозен криминал

март 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го промовираа и направија евалуација на досегашното функционирање на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Центарот има улога на мост за информации и податоци што ги поседуваат и прибираат институциите, за да можат да бидат на побрз начин достапни за потребите на сите други инволвирани институции.  Центарот, подвлече Спасовски, почна и со поддршка на меѓународна размена на информации во делот на меѓународна полициска соработка, што е значаен сегмент во сузбивањео на организираниот и транснационалниот криминал.

„ОТА и другите служби кои се за следење на комунаиции не се дел од Националниот координативен центар, појасни Спасовски на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Османи. Додаде дека со операционализација на овој центар е остварен еден од приоритетите утврден во планот 3/6/9/, а неговата работа преку изготвувањето на квартални анализи на работа се следи и во планот 18.

Информирајќи дека Координативниот центар е формиран со владина одлука во 2014 година, но се до септември 2017 година немало никакви активности за негова операционализација, министерот Спасовски потенцира дека со преземањето повеќе мерки и активности, согласно Акциониот план, а во кој се вклучени МВР, Царинската управа, Управата за финансиска полиција и за финансиско разузнавање, УЈП и Јавното обвинителство, обезбедени се просторни, административни и материјално-технички услови, со што центарот станува оперативен.

„Партиципираат претставнции на сите посочени институции, кои согласно овластувањата имаат достапност до базите на податоци. Спроведени се и основни обуки на упатените лица за зајакнување на нивните компетенции во делот на разузнавачката нализа, изјави Спасовски.

Осврнувајќи се на минатогодишната препорака од јуни од Советот на ЕУ да се продолжи со реформите и да се испорачаат резултати во делот на правосудството, безбедносните служби, јавната администрација и борбата против оргнаизирнаиот криминал и корупција, вицепремиерот Османи посочи дека денешната промоција на Координатиовниот центар ги зафаќа двете поглавја во делот на безбедносите служби и во делот  на организираниот криминал и корупција.

„Не смееме сега да се опуштиме, туку да го искористиме секој ден за да не оставиме простор и најмал аргумент некој да го злоупотреби и да ни ја уништи историската шанса и стратешката определба на граѓаните, порача Османи и додаде дека Координативниот центар е уште еден дополнителен аргумент зошто Република Северна Македонија заслужува оваа година да ги почне предоговрите со ЕУ.  Според него, на средбата на министри од ЕУ и земјите кандидати што се одржа во Букурешт, нашата држава била ѕвездата на регионот и на Европа, не само во поглед на исполнување на политичките критериуми, туку и во делот на испораката на реформите.

„Воспоставувањето на овој центар како платформа на координација на институциите е со цел давање резултати во пресрет и на 19-ти март кога ќе биде Советот за стабилизација и асоцијација, кој ќе ни биде прв пресек за тоа каде сме и каде ќе одиме понатаму, меѓутоа и во пресрет на 28-мај кога ќе биде објавен Извештајот, и се разбира во пресрет на 19-ти јуни кога ја очекуваме одлуката за започнување на преговори со ЕУ, рече Османи.

актуелно национален координативен центар промовиран
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.