Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Со Договорот од Преспа, надежта ги надвладеа другите емоции, а лидерството дневната политика
Македонија

Димитров: Со Договорот од Преспа, надежта ги надвладеа другите емоции, а лидерството дневната политика

март 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Процесот на преговори со решението е знак на самодовербата на двете земји и двата народи, победа на надежта над другите емоции и победа на лидерството над дневната политика, рече министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров на панел дискусијата организирана од атинскиот универзитет „Пиерас“ на кој учествуваше по поканата од поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитров рече дека „ако постои лекција од процесот почнат во јуни 2017, интензивиран во декемви 2017 и јануари 2018, а финализиран меѓу двете земји во јуни минатата година, тоа е победата на самодовербата на двете земји, на двата народи”.

„Тоа исто така е победа на надежта над другите емоции, победа на долгогодишно лидерство над дневната политика. Тоа не се случува често, бидејќи најлесно е да не се доппира проблемот или да се допре на начин што ќе ти донесе дневно политички поени. Она што беше тешко беше да се најде решение, компромис, истакна Димитров во неговото обраќање на панелот посветен на Југоисточниот медитеран.

Министерот за надворешни работи се фокусираше на регионот велејќи дека „сега е време регионот да ја земе судбината во свои раце”, дека има голема историја на која што сите се горди, но потребно е да се создаде иднина.

„Горди сме на нашата историја, ќе дадам сé од себе, сé додека сум во политиката, да бидеме горди на она што ќе го постигнеме денес и утре, порача министерот за надворешни работи.

Тој рече дека сите земји од регионот треба да бидат обединети, да работат заедно, „затоа што така ќе бидеме помоќни”. Се осврна на кризите со кои што се соочи и се соочува ЕУ и истакна дека „не треба да се дозволи истото да му се случи и на Балканот”, а за тоа, потребно е да се создаваат пријателства, да се отвораат врати и да се работи на демократија во внатрешноста на земјите.

„Му кажав на претседателот на Парламентот дека сега е како меѓусебно да се откриваме, ние сме соседи и имаме бела страница што треба да почнеме да ја пишуваме, рече министерот и истакна дека тоа ќе биде позитивна страница.

Министерот Димитров изрази надеж дека решавањето на прашањето за името ќе биде инспирација и за другите земји и истакна дека за регионот нема друга алтернативна опција од европската перспектива.

Рече дека не постои доволно дискусија за актуелните работи и атуелните проблеми во регионот, како што се заминувањата на младите, невработеноста, здравственото осигурување и слично.

На панелот, заедно со Димитров учествуваа и поранешните министри за надворешни работи на Бугарија и Албанија, Митов и Бушати.

На крајот од дводневната академска конференција му беше доделена награда на поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по што тој им се обрати на присутните.

актуелно Договор преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.