Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието потранспарентно, но неопходни се поголема одговорност и политичка култура
Македонија

Собранието потранспарентно, но неопходни се поголема одговорност и политичка култура

март 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Парламентот во 2018 година донел вкупно 246 закони што е значајно зголемување во однос на 2017 кога биле донесени 33 закони што се должи на фактот на нефункционалноста на Собранието во првите пет месеци поради продолженото траење на консултативната седница. Сепак, бројот на закони во 2018 година е помал од оној во 2016 година кога беа донесени 339 закони и тоа претставува подобрување, бидејќи хиперинфлацијата на закони не значи секогаш подобрување на системот и на процесите.

Ова се наведува во сумарниот извештај од проектот „Индекс на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието за 2017 и 2018 година“, што го спроведе Граѓанската асоцијација МОСТ.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов на денешната презентација на извештајот истакна дека забележан е и позитивен тренд на зголемување на учество на пратениците во креирањето на политиките, а комплетно е променет и трендот на носење закони во скратена постапка. Така, од 70 проценти во 2016 и 72,7 проценти во 2017 година лани бројот на закони донесени по скратена постапка изнесувал 28,9 проценти што, рече, претставува позитивен тренд кој треба да продолжи и понатаму.

Во однос на работата на собраниските комисии, бројот на комисии кои добиле 50 и повеќе индексни поени од можни 100 се зголемил од четири во 2017 на девет во 2018 година, а само две од нив комисиите за култура и за земјоделство биле конзистентни во обезбедување транспарентност во двете години. Дури 12 комисии добиле повисока просечна оценка за транспарентност лани споредено со 2017 година, а транспарентноста на работата на комисиите е зголемена во 2018, што е евидентно и од севкупните просечни оценки за транспарентност од 27 во 2017 на 46 во 2018 година.

Севкупната просечна оценка за квалитетот на записниците, пак, е зголемена за 11 индексни поени од 48 во 2017 на 59 во 2018 година. Одржана била само една надзорна расправа од страна на Комисијата за култура што укажува на тоа дека Собранието мора да ја подобри својата надзорна улога, а е утврдено и зголемено ниво на вклученост на засегнатите страни во 2018 година.

Трендовите укажуваат и на зголемено учество на пратениците во законодавниот процес. Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека без вистинска транспарентност нема ниту вистинско собрание, ниту вистинска парламентарна демократија, а за да се достигне високо ниво на транспарентност потребни се повеќе предуслови, од конкретна нормативна рамка се до високоразвиено чувство за одговорност, како и соодветна политичка култура на сите кои се вклучени во остварувањето на функциите на секој парламент.

„Ако ги погледнеме состојбите кај нас, мислам дека нормативниот дел во кој влегуваат Уставот, Деловникот и Законот за Собрание е добар и дава можности за квалитетна транспарентност, но ако сме малку самокритични ќе признаеме дека имаме инсуфициенција кога станува збор за одговорноста, додека нивото на политичката култура е нешто на што треба да поработиме, рече Џафери.

Сепак, додаде, работите одат напред и тоа во многу позитивна насока, бидејќи во овој мандатен период парламентарното мнозинство успеа да го врати во Собранието духот на парламентарната демократија, а верува дека и опозицијата го прифатила овој тренд и дава свој придонес. Како пример на транспарентност и одговорност Џафери го посочи изборот на Државната комисија за спречување на корупција, како и јавните расправи кои се одвивале на седниците на различни собраниски тела во кои биле вклучени најразлични засегнати субјекти, пред се од НВО-секторот и од стручната јавност.

Британската амбасадорка Рејчл Галовеј истакна дека Парламентот е огледало на општеството, а неговата разноликоста ја разликува разноликоста на општеството и претставува место на размена на идеи. Голем дел од помошта на Велика Британија за нашата земја, додаде таа, е фокусирано на реформската агенда и јакнењето на институциите, вклучувајќи го и Парламентот, а транспарентноста и отчетноста се во центарот на нашата работа.

„Ова е важна година за Северна Македонија особено кога се ближи членството во НАТО. Ние ја напуштаме Европската унија, но ќе останеме партнер и ќе бидеме посветени на вашето идно членство во ЕУ со цел да ви помогнеме во овој процес. Обединетото Кралство е ваш партнер на долг рок и сакаме да останеме ваш долгогодишен партнер, рече Галовеј.

актуелно зрелост одговорност собраание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.