Панел-дискусија „Западен Балкан покрај решавањето на билатералните прашања“ ќе се одржи денеска во Скопје.
На панел-дискусијата е најавено обраќање на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Покрај затворањето на билатералните прашања, постојат и многу други критериуми кои земјите од Западен Балкан мора да ги исполнат за да постигнат напредок во пристапувањето. Треба да обезбедат опипливи и одржливи реформи во клучните области како владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и јавната администрација, се дел од темите што ќе бидат опфатени на панелдискусијата.
Панел дискусијата е во организација од Советодавната група за политики „Балкан во Европа“ (БиЕПАГ) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“







