Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Димитров-Рикер во Вашингтон: Ве очекуваме во НАТО, реформите се императив
Македонија

Средба Димитров-Рикер во Вашингтон: Ве очекуваме во НАТО, реформите се императив

април 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на дипломатијата Никола Димитров, на првиот ден од посетата на Вашингтон, оствари средби со помошник државниот секретар Филип Рикер, како и со конгресменот Брендан Бојл, на кои беше изразено задоволство од придружувањето на Северна Македонија во Алијансата.

Како што соопшти МНР, соговорниците на Димитров покажале особен интерес за темпото и длабочината на реформскиот процес, како предуслов за општество засновано на вистинскидемократски вредности.

„Со нетрпение ве очекуваме во НАТО. Реформите, особено во однос на Специјалното јавно обвинителство се императив и неопходно е да се зачува независноста на СЈО во рамките на Јавното обвинителство и неговиот капацитет, во интерес на правдата и одговорноста за корупција, му порача помошник-државниот секретар на САД Рикер, на министерот Димитров.

Рикер, осврнувајќи се на состојбата на балканскиот простор потенцирал оти е неопходно државите најпрво внатрешно да се преобразат и да изградат капацитет за систем заснован на правда и вредности.

На иста линија, како што додава МНР, беше и дискусијата со конгресменот Бојл, кој го посочи Договорот од Преспа како соодветен пример за надминување на конфликтни ситуации, не само во нашиот регион туку и пошироко.

Димитров искажа благодарност за покажаната поддршка од страна на Конгресот, и очекување дека САД, како наш докажан партнер, без застој ќе го ратификува Протоколот за полноправно членство во НАТО.

Министерството, во соопштението додава дека на линија со традиционално добрите односи со нашиот сосед Албанија, Димитров и шефот на албанската дипломатија Гент Цакај, кој исто така е во Вашингтон ја потпишаа Спогодбата за основање Културно-информативни центри во Северна Македонија и во Албанија.

Честитајќи му на својот колега десетгодишнина членство во Алијансата, министерот Димитров уште еднаш потенцираше дека регионот може да биде просперитетен само ако сите негови држави се успешни приказни.

Шефот на дипломатијата на првиот ден од посетата на Вашингтон, даде интервју за NATO SHAPE, во кое се осврна на прашањето како изгледа Северноатлантската алијанса од перспектива на Република Северна Македонија – триесеттата НАТО членка. Тој беше интервјуиран и за специјализираниот Магазин „Надворешна политика“ (Foreign Policy).

Денеска министерот Димитров ќе присуствува на обраќањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Со почеток во 13 часот (по локално време), министерот Димитров, заедно со грчкиот колега, ќе учествува на сесија на NATO ENGAGES, посветена на „Наследството и улогата на НАТО политиката на отворени врати“, по што следуваат заедничко интервју со МНР Катругалос, како и интервју за „Гласот на Америка“.

По приемот за одбележување на 70-годишнината од формирањето на Алијансата, министерот Димитров ќе оствари средба со државниот секретар на САД, Мајк Помпео. Во текот на денот планирани се и повеќе билатерални средби.

актуелно НАТО реформи средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.