Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицотакис: Ќе се бориме да ги ублажиме негативните последици од Договорот од Преспа
Македонија

Мицотакис: Ќе се бориме да ги ублажиме негативните последици од Договорот од Преспа

април 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во политиката постојат работи што се прават и не се кажуваат и останувам на мојата проценка, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, во интервјуто за грчката телевизија Open во однос на неговиот став дека Ципрас направил размена со Европејците за Договорот од Преспа. Првиот човек на најголемата грчка опозициска партија додава дека нема никаков сомнеж за тоа, а за Договорот од Преспа потенцира дека тој е апсолутно доследен до она што го имам кажано, а доколку добие доверба год раѓаните, вели, „можеме да ублажиме некои од негативните аспекти на овој договор“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Ќе се бориме да ги ублажиме негативните последици од овој договор. Ќе ги поддржиме македонските производи, ќе се бориме да го поддржиме брендот на вистинската грчка Македонија. Наша задача е да го направиме ова, бидејќи денес, овој договор во суштина, што прави? Во суштина, ексклузивно, ги отстапи придавката македонски, македонскиот идентитет, на соседната земја, рече Мицотакис и додаде дека ако сакале ваков договор, можеле да го постигнат уште пред 11 години во Букурешт.

Лидерот на Нова демократија го повтори неговиот став зошто смета дека договорот е лош, објаснувајќи дека е наспроти грчкото општество.

„Никој не ми одговори, ниту господинот Ципрас, зошто една земја што се вика Северна Македонија, треба нејзиниот јазик да е македонски, а граѓаните да се Македонци? Ова, уште никој не ми го одговори и господинот Ципрас не може да одговори бидејќи тоа е големата добивка на господинот Заев. Затоа господинот Заев се гордее дека наводно го дал, мислиш направи голема отстапка, името Северна Македонија и го доби она што ниедна грчка Влада во минатото не му даде, македонски јазик, македонска националност, македонски идентитет, истакна претседателот на најголемата грчка опозициска партија.

Тој објасни дека во конкретните околности, им одговарало и на Европејци и на Американците, Скопје да влезе во НАТО.

„Ни јас немаше да бидам против, под услов да не е на товар на нашите национални интереси, коментира Мицотакис во интервјуто за Open.

Во однос на економијата меѓу двете земји, лидерот на Нова демократија рече дека „и покрај тешкотиите и покрај нерешеното прашање за името постоеја тесни економски односи со Скопје“.

„Во овој момент односите меѓу двете држави на ниво на психологија се полоши од што беа пред една година и ова, да немате никаков сомнеж, барем краткорочно ќе има негативно економски последици во односите меѓу двете земји.

Прашан дали смета дека Македонија е една и грчка, Мицотакис одговара дека „географската Македонија е поголема од грчката Македонија“.

„Но, Македонија како идентитет како бренд во националната свест е грчка, ова никој не го оспорува, рече Мицотакис во интервјуто, пренесе МИА.

На прашањето на новинарката, што неговиот татко Константинос Мицотакис би направил во однос на договорот, лидерот на Нова демократија објасни дека ги проучил внимателно говорите на поранешниот премиер и рече дека „нема никаков сомнеж дека нема да го прифатеше овој договор“.

„Ги пренесувам неговите зборови, земјата веќе има религиозно малцинство во Тракија, во никој случај не треба да добие второ, национално малцинство, македонско малцинство во Северна Грција. Ова беше големата загриженост на Константинос Мицотакис, рече претседателот на Нова демократија.

За Договорот од Преспа, Кирјакос Мицотакис говореше и во обраќањето на партиски настан организиран на Пелопонез во градот Спарта.

„Се чини дека господинот Ципрас денес поудобно се шета во Скопје отколку што се шета во Солун. И ми остава впечаток, не знам дали тоа го стори намерно или дали некој занемари да му го потенцира, патуваше во Скопје, внимавајте, на денот кога Костас Караманлис пред 11 години кажа „не“ во Букурешт. И денес ја навредува нашата интелигенција, ја навредува нашата чувствителност, ги навредува вистинските патриотски чувства на грчкиот народ. Нѐ навредува сите нас кога отворено ни вели дека оние кои реагираме на договорот што го потпишав сме националисти, радикални десничари, популисти. Му одговориме: „Не, господине Ципрас, ние не сме ништо од ова. Ние сме вистински патриоти кои ја знаеме нашата историја, ја почитуваме нашата историја и ќе продолжиме да се бориме за да не се фалсификува нашата историја, а особено историјата на Македонија“, порача Мицотакис од Спарта.ср/сд/

актуелно Договор договор преспа последици ублажат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.