Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поддршка за Преспанскиот договор и евроинтеграцијата од претседателите на парламентите од ЕУ
Македонија

Поддршка за Преспанскиот договор и евроинтеграцијата од претседателите на парламентите од ЕУ

април 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во Виена, Австрија учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти од Европската Унија, на која покрај претседатели на парламенти на земјите членки, поканети се и претседатели на парламенти на земјите кандидати за членство во ЕУ и земји кои учествуваат како набљудувачи.

Со дводневната  конференција, што се одржува од вчера, претседава претседателот на Австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка и претседателот на Австрискиот Федерален совет, Инго Апе.

Како што соопшти собраниската прес-служба, конференцијата е поделена на две сесии и тоа Европската Унија и нејзините соседи и Европската Унија во пресрет на европските избори во 2019 година – понатамошен развој на соработката меѓу националните парламенти и европските институции.

Претседателите на парламентите го поздравиле стапувањето во сила на Преспанскиот договор, оценувајќи го како историски чекор кој поставува пример на помирување за целиот регион. Тие ја поздравиле Република Северна Македонија и Република Грција за ова важно постигнување.

Имајќи предвид дека проевропскиот курс на земјите од Западниот Балкан најдобро се одржува со видливи напредоци во процесот на пристапување, претседателите на парламентите уште еднаш ја потврдиле европската перспектива на земјите од Западен Балкан и заложбите за проширување на Европската Унија, како инвестиција во мирот, демократијата и безбедноста.

На втората сесија, претседателите на парламентите ги повикувале граѓаните на Европа за активно да учествуваат во обликувањето на иднината на Европа преку искористување на нивното право на глас во идните европски избори на 23-26 мај 2019 година. Јакнењето на односот помеѓу националните парламенти и институциите на ЕУ е важно за доближување на ЕУ до нејзините граѓани, зголемување на довербата и создавање на поголема транспарентност.

Џафери, како што е наведено во соопштението, имал и билатерална средба со потпретседателката на Националното собрание на Франција, Биро Бонард и претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, Бизе.

Соговорниците ги оцениле билатералните односи како добри и се заложиле за поинтензивна соработка на високо ниво во наредниот период. Џафери информирал за усвојувањето на законите од реформската агенда и побарал поддршка за евроинтеграциските процеси. Од француска страна било изразено уверување дека Франција ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западниот Балкан бидејќи смета дека нивната стабилност е суштинска за Европа, но дека ќе инсистира на стриктно почитување на критериумите за членство.

актуелно вирна ЕУ парламент учество
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.