Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Во 2014 бевме морални победници на изборите, а сега ќе бидеме вистински победници
Македонија

Пендаровски: Во 2014 бевме морални победници на изборите, а сега ќе бидеме вистински победници

април 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во 2014 година бевме со број 3 на гласачкото ливче, кога бевме морални победници на изборите. Сега пак сме со бројот 3, кога ќе бидеме вистински, реални победници во интерес на сите вас, во интерес на нашата заедничка татковина, порача вечерва од митингот во Струмица кандидатот за претседател, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата.

Додаде дека за него и за коалицијата која го подддржува е битно државата да оди напред, а на како некои да ги наполнат куферите и да избегат во белиот свет со народни пари.

„После 30 години да кажат дека сме работеле за државата, а на за сопствениот паричник. Такви сме, такви ќе бидеме и сакаме по тоа да не памтите, по цена да ги изгубиме сите следни избори ние мораме да останеме луѓе и да се бориме за доброто на народот и државата, а не само за доброто на фамилијата, за доброто на членовите на мојата политичка партија или само за мојот град, дададе Пендаровски.

Повика на масовна излезност и притоа рече дека на 21 април нема да биде завршена целата работа и ќе треба да се излезе и на 5 мај.

„Ги замолувам граѓаните да не спијат на едно уво слушајќи ги коментарите дека со ваков противник и со ваква погубна политика, која е по лошо позната меѓу македонските граѓани, ќе поминат лесно, туку максимално масовно да се излезе на гласање и во првиот и во вториот круг за да не се разбудиме да ни се врати Груевски и да се вратиме во времето кога не знаевме ништо друго освен за политички прогон и
изолација, рече Пендаровски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев рече дека одговорот на прашањето кој за каде е оти сите се за ЕУ и НАТО, на чело со, како што потенцира, новиот претседател Стево Пендаровски.

Во своето обраќање тој се осврна и на нападите од кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека позитивни личности од Струмица биле само претседателот Борис Трајковски и фудбалерот Горан Пандев, а Заев бил негативниот.

„Од толку многу споменици во Скопје 2014 изградени од партијата што неа ја кандидира за претседател, не најде место за ниеден споменик на Борис Трајковски. И додека поважен им беше Прометеј со гаќи или без, многу порано оттогаш Зоран Заев со струмичани заедно подигна споменик на Трајковски, една година откога го изгубивме претседателот.

На Горан Пандев на овој најголем плоштад во државата му поставивме ѕвезда затоа што заслужува, оти тој е нашата гордост, рече лидерот на владечката партија Зоран Заев.

За кандидатот за претседател Стево Пендаровски рече дека ќе биде лицето на нашата држава во странство, затоа што, според него, тој има интегритет, способност и визија за иднината.

„Ќе ги зацврсти позициите на државата. Имаме претседател, кој е создаден да биде претседател на нашата татковина, додаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На митингот вечерва говореше и познатиот поранешен одбојкар и сега тренер од Струмица, Кире Ричлиев. Тој рече дека целосно го поддржува патот на нашата земја, кон НАТО и ЕУ интеграциите, бидејќи тој пат, како што потенцира, е трасиран со многу напори, одрекувања и пред се визија нашата земја да биде безбедна и интегрирана во современите одбранбени, економски и напредни демократии.

Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ноември 5, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.