Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопски филмски фестивал од 17 до 25 април
Култура

Скопски филмски фестивал од 17 до 25 април

април 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, в среда во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми.

Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да ја пронајдат смислата на постоењето и секоја од нив се соочува со свои лични демони, обидувајќи се да ја зачува својата хуманост. Една од главните женски улоги ја игра српската актерка Мирјана Карановиќ, заедно со Даниела Ивановска и Наталија Теодосиева, а машките ликови ги играат Данчо Чеврески, Денис Абдула и Златко Митрески.

„Прекрасно искуство ми е работата на првиот долгометражен филм. Работев со одлична проефесионална екипа и со одлични актери кои влегоа во филмот со голема посветеност и љубов. И многу сум им благодарна. Границата помеѓу играниот и документарниот филм постојано се испреплетува. Не е едноставно да се дефинира пристапот. Во овој филм станува збор за лични човечки приказни, кои може да бидат и наши, но и од нашето опкружување, изјави за МИА режисерката Џиџева, која досега ни беше позната како режисерка на документарни и на кратки играни филмови.

Годинашниот Скопски филмски фестивал ќе има 50-ина филмови во: гала-програма; програма на европски филм; панорама на светски филм; кратки филмови, документарни филмови; македонска продукција; денови на квир кино за ЛГБТ заедницата; фокус на францускиот филм и ретроспектива на актерот Мето Јовановски.

Меѓу филмовите во атрактивната гала-програма е премиерата на „Фаренхајт 11/9“ на Мајкл Мур кој овојпат се занимава со политичкото влијание од победата на Трамп. Во таа програма е и новиот филм на Емир Кустурица „Ел Пепе, еден возвишен живот“ посветен на поранешниот уругвајски претседател Хозе „Пепе“ Мухика.

Во оваа програма се уште три остварувања – „Тврдина“ на Игор Зајцев – филм за владеењето на Петар Први, „Хотел Мумбаи“ на Антони Марас за терористичките напади о Мумбаи во 2008 година и новиот Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, в среда во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми.

Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да ја пронајдат смислата на постоењето и секоја од нив се соочува со свои лични демони, обидувајќи се да ја зачува својата хуманост. Една од главните женски улоги ја игра српската актерка Мирјана Карановиќ, заедно со Даниела Ивановска и Наталија Теодосиева, а машките ликови ги играат Данчо Чеврески, Денис Абдула и Златко Митрески.

„Прекрасно искуство ми е работата на првиот долгометражен филм. Работев со одлична проефесионална екипа и со одлични актери кои влегоа во филмот со голема посветеност и љубов. И многу сум им благодарна. Границата помеѓу играниот и документарниот филм постојано се испреплетува. Не е едноставно да се дефинира пристапот. Во овој филм станува збор за лични човечки приказни, кои може да бидат и наши, но и од нашето опкружување, изјави за МИА режисерката Џиџева, која досега ни беше позната како режисерка на документарни и на кратки играни филмови.

Годинашниот Скопски филмски фестивал ќе има 50-ина филмови во: гала-програма; програма на европски филм; панорама на светски филм; кратки филмови, документарни филмови; македонска продукција; денови на квир кино за ЛГБТ заедницата; фокус на францускиот филм и ретроспектива на актерот Мето Јовановски.

Меѓу филмовите во атрактивната гала-програма е премиерата на „Фаренхајт 11/9“ на Мајкл Мур кој овојпат се занимава со политичкото влијание од победата на Трамп. Во таа програма е и новиот филм на Емир Кустурица „Ел Пепе, еден возвишен живот“ посветен на поранешниот уругвајски претседател Хозе „Пепе“ Мухика.

Во оваа програма се уште три остварувања – „Тврдина“ на Игор Зајцев – филм за владеењето на Петар Први, „Хотел Мумбаи“ на Антони Марас за терористичките напади во Мумбаи во 2008 година и новиот филм на иранскиот режисер Џафар Панахи – „Три лица“.

Од богатата филмографија на Мето Јовановски, на СФФ се избрани осум филма со познатиот актер: „Бел, бел свет“; „Евреите доаѓаат“; „Засега без добар наслов“; „Кога ќе се раздени“; „Куќа покрај пругата“; „Ливада“, „Пресуда“ и „Тетовирање“.

Филмовите на 22. Скопски филмски фестивал ќе се прикажуваат во кината „Милениум“, „Фросина“, Кинотеката и во Котур.

април скопје филмски фестивал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.