Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз од 23%, раст на консолидираната нето добивка од 19%, инвестиции во износ од 194 милиони денари и 55 нови вработувања во периодот јануари – март 2019-та
Локално

Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз од 23%, раст на консолидираната нето добивка од 19%, инвестиции во износ од 194 милиони денари и 55 нови вработувања во периодот јануари – март 2019-та

април 25, 2019Updated:април 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз од 23%, раст на консолидираната нето добивка од 19%, инвестиции во износ од 194 милиони денари и 55 нови вработувања во периодот јануари – март 2019-та

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2019 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 2.101.073.373 денари, што е за 14% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 422.772.099 денари, бележи зголемување од околу 16%, единечната нето добивка изнесува 247.475.979 денари и истата е зголемена за 15%.

Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.833.475.867 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 2%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23%. Од вкупните консолидирани продажби, 32% се остварени на домашен пазар, додека 68% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 31%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 10%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 24% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 81.096.751 денари што е 4,8 пати повеќе од лани, потоа во Грузија со продажби од 9.428.863 денари што претставува зголемување од 2 пати и Полска со продажби од 19.183.607 денари што претставува раст од 72% споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Унгарија раст од 63%, Русија раст од 58%, Украина раст од 57%, Бугарија раст од 49%, Германија раст од 42%, Ерменија раст од 36%, Словенија раст од 22%, Романија раст од 19%, САД раст од 14% итн. Повисокиот раст на продажбите во првиот квартал од 2019 година делумно се должи на задолжителната серијализација на производи за пазарите од ЕУ која започна на 09.02.2019 година.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 20%, Кардиолошките препарати со 17%, Антибиотиците со 19%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 2%, Козметика со 7% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 490.980.742 денари бележи раст од 19%, додека нето консолидираната добивка во износ од 294.542.101 денари е зголемена исто така за 19%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2019 година изнесуваат 193.866.065 денари.

Во периодот јануари – март 2019 година во Алкалоид се реализирани 55 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Со Одлука на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2019 година, одобрен е и исплатен, регрес за користење на годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 27.709 денари бруто, односно 24.938 денари нето.

алкалоид вработувања добивка извоз раст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI

октомври 8, 2026

УХМР со временска најава за продолжениот викенд

октомври 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.