Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Зоните направија голем исчекор во развојот на нашата економија
Економија

Анѓушев: Зоните направија голем исчекор во развојот на нашата економија

мај 3, 2019Updated:мај 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Недоволната соработка на странските инвеститори со домашните компании и недостигот на квалификуван кадар остануваат клучни предизвици за развој на техничко-индустриските зони во земјава, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев пред почетокот на денешниот Европски самит на слободни зони што се одржува во Скопје.

Зоните, според Анѓушев, направија голем исчекор во развој на нашата индустрија, но има уште многу простор да се работи на ова поле.

Како економијата да биде повеќе поттикната од странските инвестиции и соработката со домашните компании да биде поголема, но и како да привлечеме компании што носат повисок технолошки развој, даваат повисоки плати и вработуваат високообразуван кадар, е клучниот предизвик.

Простор за напредок има во делот на компаниите фокусирани на готови производи што одлучуваат од кого ќе купуваат компоненти.

„И тука нашите фирми треба да ја искористат можноста. Но, пречка има кај оние кои се во средината на синџирот на снабдување, а одлучуваат данаправат некакви измени во програмата, па треба да бараат дозвола од крајниот корисник,“ истакна вицепремиерот.

Тој смета дека со раздвижувањето на индустријата, што, како што рече, е евидентно и со позитивните трендови во градежништвото, земјоделството и трговијата, може да се очекува растот на БДП да биде значително над планираниот.

Во однос на немањето доволно квалификуван кадар, Анѓушев потсети дека годинава Владата одвои над 20 милиони евра наменети за преквалификација на невработените лица.

„Структурата на невработените кај нас во моментов не дозволува тие веднаш да бидат вклучени во индустријата поради што е нужен процес на преквалификација“, подвлече Анѓушев.

Се осврна и на поволностите што ги нуди земјава за странските, но и за домашните инвеститори, потенцирајќи дека сега условите се изедначени.

„Индустриските зони направија голем исчекор во развојот на индустријата и затоа Владата реши да ги поддржи, но на поинаков, транспарентен начин. Со закон понуди еднакви услови за домашните и странските вложувачи“, нагласи Анѓушев.

Во обраќањето пред присутните претседателот на Светската организација на слободни зони Мохамед Ал Зарони, ја пофали Дирекцијата на трговско индустирските развојни зони во земјава.

Рече дека нуди максимално поедноставени административни процедури што е клучно за инвеститорите и ја квалификува како извонреден пример за визија и оперативност.

„Дирекцијата на ТИРЗ во Скопје е пример за ефикасност и со тоа оваа институција ја прави земјата многу поатрактивна како дестинација за инвестирање што секако значи огромна предност“, истакна Ал Зарони.

Во земјава засега има сепак 15 слободни зони од кои осум се целосно оперативни.

Само лани 19 компании потпишаа договори за градба на фабрики и од нив, како што рече вицепремиереот Анѓушев, веќе ги реализираат своите планови за инвестиции.

На Европскиот самит на слободни зони во Скопје учествуваат претставници од повеќе земји, а теми на кои во претстојните панел дискусии ќе стане збор се државната помош за инвеститорите, незаконската трговија и нејзиното влијание врз зоните,…

Пред официјалниот почеток беше прикажано и видео за развојот на слободните зони во земјава во изминатите 20 години.

актуелно Анѓушев Дирекцијата на трговско индустирските развојни зони во земјава Европски самит на слободни зони
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.