Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи оптимист дека во јуни е можна одлука за почнување преговори
Политика

Османи оптимист дека во јуни е можна одлука за почнување преговори

мај 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„По билатералните средби што ги имавме во Берлин, јас сум оптимист дека во јуни е добра прилика за да добиеме одлука за почнување преговори за членство во ЕУ“, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на прес-конференција во Клубот на пратеници, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Посочи дека Берлинскиот самит не бил за проширување, туку за да се да се врати фокусот на земјите-членки на Европската Унија кон деблокирање на процесот на разговори меѓу Косово и Србија, а втор важен момент, според него, е што биле поканети земјите од регионот, за да бидат сведоци и гаранти на хипотетичко решение што може да се изнајде меѓу Србија и Косово.

„Ние го искористивме тој самит за да имаме билатерални средби и со канцеларката Меркел, и со Могерини надвор од контекстот на самитот и се разбира моравме да ги отвориме прашањата што нас не засегаа. Но самитот не расправаше за прашањето за проширувањер, одн осно за прашање за датум, туку исклучиво за темата деблоирање на разговорите Косово-Србија“, рече Османи.

Истакна дека земјава на Самитот била поканета и во уште една функција – за да бидеме модел и да ги охрабриме и Косово и Србија и другите земји како се решаваат меѓудржавни проблеми.

„Република Северна Македонија е пример за успешна преродба на европската идеја во еден тежок регион како што е Балканот. Таа приказна е толку силна што не можат да ја игнорира ниту една земја-членка и таква мислам дека ќе биде и одлуката во јуни. Се уште постои техничката дилема дали Бундестагот ќе може во едната единствена сесија меѓу препораката и одлуката на Советот да расправа, меѓутоа правиме напори и овој период ќе го искористиме максимално за да не оставиме никаков аргумент за да
се одложи дебатата“, посочи Османи.

Во однос на тоа дали ќе се одлучува за евроатлантската перспектива на земјите во пакет, Османи рече дека нашите очекувања се дека двете земји треба да добијат датум за почеток на преговори, бидејќи така создаваме предуслови за синергија и соработка меѓу двете земји во самите преговори, но и се дава поттик за целиот регион, бидејки ќе имаме четири држави од шесте кои започнуваат преговори.

„Но принципот што го заговараме е дека треба да има регата принцип, и секоја земја треба да се движи според брзината што сама си ја наметнува, и ќе има меритократски пристап за индивидуалните заслуги за секоја земја“, оцени Османи.

Османи, на прес-конференцијата, потсети дека земјава поминува долг маратон за зачленување во ЕУ, и оти сега се наоѓаме во последните чекори пред големиот моментум кога се носи одлуката за започнување на преговори.

„Сметам дека тие последни чекори се совпаѓаат и со чекорите што граѓаните треба да ги поминат од нивните домови до гласачките места, бидејќи успешни избори на 5 мај, значи докажување на зрелоста и демократскиот капацитет на државата. Тоа ќе биде најсилната порака, и последниот аргумент со кој ќе се убедат земјите-членки и Европската комисија, дека оваа држава ги исполнува сите услови и политички и технички, за започнување преговори“, подвлече вицепремиерот.

актуелно Европската Унија Османи преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.