Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пленковиќ: Ќе направиме се Северна Македонија да добие датум во јуни
Македонија

Пленковиќ: Ќе направиме се Северна Македонија да добие датум во јуни

мај 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во изјава за МИА вели дека Хрватска ќе направи сѐ што може за да и помогне на Северна Македонија да добие датум за преговори во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пленковиќ, кој вчера попладне беше во посета на Брисел, и чија земја го презема кормилото со ЕУ од идната година, потсети дека проширувањето ќе биде високо на агендата на неговата земја.

На прашање на МИА дали на следниот Совет на министри во јуни неговата земја ќе се обиде да ги убеди останатите земји кои сѐ уште имаат резерва за почетокот на преговорите, тој рече дека неговата земја многу добро разбира дека чекор напред е важен.

„Сите наши пријатели во тоа што е сега Северна Македонија се многу свесни колку го поддржуваме нивниот европски пат, рече Пленковиќ.

Тој понатаму ја искористи приликата да потсети дека Северна Македонија го започна европскиот процес дури и пред Хрватска, во 2000-та во Загреб.

-За оние кои не се запознаени со деталите, треба да се истакне дека Македонија ја склучи спогодбата за стабилизација и асоцијација дури пред Хрватска, всушност тие ја иницираа оваа спогодба на маргините на самитот во Загреб пред деветнаесет години, потсети хрватскиот премиер.

Пленковиќ додаде дека ако некоја земја разбира колку е важен чекор напред за Северна Македонија, тоа е Хрватска.

„Цврсто сме убедени дека по договорот помеѓу Грција и Македонија за промена на името тие заслужуваат чекор напред, ќе направиме сѐ што можеме да ја поддржиме таа насока, а прво да видиме што ќе препорача Европската Комисија во извештаите во мај, нагласи Андреј Пленковиќ.

Северна Македонија во јуни очекува да добие датум за почеток на преговори, како што се заложи минатата година Европската Унија доколку бидат исполнети четирите поставени услови. Една од битките кои се водат во Европската Комисија е таканареченото „одвојување“ од Албанија. Во Европската Комисија, според извори во оваа институција, постојат две струи, едната смета дека двете земји треба да се групираат, додека другите сметаат дека Северна Македонија треба да биде одвоена со оглед на тоа дека напредокот е позначаен во нашата земја.

Исто така, поради поголемата политичка нестабилност во соседна Албанија, многумина стравуваат дека Македонија може да биде „жртва“ на таквата логика на групирање на земја, посебно ако се има предвид фактот дека Европската Унија се води според принципот на индивидуални заслуги.

Една од варијантите кои се разгледуваат во Европската Комисија е да се искористи посилен речник во полза на стартот на преговори со Македонија во претстојните извештаи на 29-ти мај, посебно откако претседателските избори минаа без мирно и без крупни критики, и се разбира поради ратификацијата на Преспанскиот договор во двете земји.

Останува исто така да се види дали проширувањето ќе се стави на агендата на министрите на ЕУ во јуни. Доколку германскиот парламент нема време да ја одобри одлуката за преговори со Македонија на почетокот на јуни, не се исклучува можноста да се свика нов министерски совет во текот на јули, под финско претседателство.

Финска го презема кормилото со ЕУ од 1 јули до 31 декември годинава, а по неа на чело за Унијата застанува Хрватска, која најави дека проширувањето ќе биде еден од врвните приоритети.

актуелно датум преговои севернас македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.