Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Индустриски преработена храна е поврзана со прерана смрт
Здравје

Индустриски преработена храна е поврзана со прерана смрт

јуни 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ФЕНА – Сараево

Индустриски преработена храна како похувано пилешко, сладолед или преработени житарки е поврзана со изгледите за предвремена смрт и полошо здравје, предупредуваат научниците.

Научниците во Франција и Шпанија велат дека потрошувачката на такви прехранбени производи станала пообемна.

Нивните студии не претставуваат краен доказ за штетноста на овие храни, но доаѓаат веднаш по истражувањето кое покажало дека таквата храна предизвикува прејадување.

Експертите изразуваат претпазливост и повикуваат на дополнителни истражувања.

Индустриски преработена храна може да се препознае по долгиот список на состојки на амбалажата, вклучувајќи и конзерванси, засладувачи и вештачки бои, а професорката Маира Бес-Растоло од Универзитетот Навара, за БиБиСи Њуз изјави дека доколку пакувањето содржи повеќе од пет состојки веројатно се работи за индустриски преработена храна како колбаси или хамбургери, преработени житарки, инстант супа, похувано, колачи, чоколади, сладолед, масовно произведен леб, готови јадења и друго.

Во рамки на првото истражување, кое го спроведе шпански универзитет, следени се 19.899 лица во текот на десет години, а секоја година е анализирана нивната прехрана.

Во тој период, починале 335 испитаници.

На секои 10 смртни случаи од оние кои најретко конзумирале индустриски преработена храна починале 16 од оние кои најчесто јаделе таква храна (повеќе од четири порции дневно).

Во втората студија, која ја спроведе Парискиот универзитет, следени се 105.159 лица во текот на пет години и нивната прехрана била анализирана двапати годишно.

Тоа истражување покажа дека конзумирањето индустриски обработена храна резултира со полош здравје на срцето.

Стапката на кардиоваскуларни болести изнесуваше 277 на 100.000 луѓе годишно меѓу оние кои консумирале индустриски преработена храна, во споредба со 242 на100.000 кај оние кои најмалку јаделе ваква храна.

Др. Матилда Тувие од Универзитетот во Париз изјави за БиБиСи Њуз:

„Забрзаниот и раширен пораст на конзумирање индустриски преработена храна на сметка на изворна исхрана може да претставува значителен товар за кардиоваскуларните болести во следните децении”.

Тувие вели дека има сè поголеми докази за штетноста на оваа храна.

„Зголемениот број на независни студии ја идентификуваа врската меѓу индустриски обработената храна и штетните здравствени ефекти”.

Минатата година воочена е зголемена врска со карциномите.

Професорката Бес-Растроло од Универзитетот во Навара вели дека е „многу сигурна” дека оваа храна е лоша за здравјето.

Предизвикот за научниците е да бидат сто проценти сигурни.

Истражувањата утврдиле постоењето обрасци помеѓу таквата храна и лошото здравје, но не докажале дека едното го предизвикува другото.

Научниците истакнуваат дека оние кои најмногу јадат индустриски обработена храна имаат најголема шанса да имаат други нездрави навики како што е пушењето.

Но Кевин Мекконвеј, професор по статистика на Опен универзитетот, вели дека никој не може да биде сигурен дека сè што е релевантно е земени предвид.

„Овие студии го зголемуваат моето убедување дека нешто навистина лошо се крие зад овие врски, но сепак далеку од тоа дека сум убеден”.

Научниците веруваат дека луѓето можеби јадат многу индустриски преработена храна поради тоа што е богата со енергија, но и недостасуваат многу хранливи состојки и влакна, а можеби не е здраво да се консумираат адитивите кои се дел од таа храна, иако истражувањата покажаа дека се безбедни за консумирање, лесни за јадење и ја
потиснуваат поздравата храна, бидејќи кој ќе земе овошка ако има сладолед.

Нутриционистката Викторија Тејлор од британската фондација за срце потсетува дека одамна се препорачува прехранаткако медитеранската, која се одликува со непреработени намирници како овошје, зеленчук, риба, зрнести плодови, мешункасти плодови и интегрални житарки.

Тоа, заедно со редовно вежбање и непушање, се покажа како корисно за намалување на ризикот од срцеви заболувања и болести на крвотокот.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Бритиш Медикал џурнал.

 

Индустриски преработена храна научници прерана смрт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Доктор открива кој пијалок има докажани придобивки за црн дроб

септември 22, 2026

Научниците: Плутон не е статичен и мртов свет, туку комплексно небесно тело со активни геолошки процеси и динамични атмосферски промени

јуни 12, 2026

Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти

јуни 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.