Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: Горд сум за Договорот од Преспа, иако имаше влијание и политичка цена
Македонија

Ципрас: Горд сум за Договорот од Преспа, иако имаше влијание и политичка цена

јуни 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Донесовме тешка политичка одлука, одлука која што не се осмелија да ја донесат моите претходници, спротивно на струјата на популизмот и иако имаше влијание и политичка цена во цела Грција, горд сум за ова, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ во однос на Договорот од Преспа и последиците од него за актуелната влада, јави дописничката на МИА од Атина.

„Морам да признаам дека беше смела и тешка политичка одлука, но за која сум горд. Горд сум и јас, и мојата влада и секако, сигурен сум дека е горд и тогашниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, што и се спротивставивме на струјата од тој период за да го одбраниме националниот интерес, бидејќи сите оние кои сметаа дека ќе биде централната тема во предизборната конфронтација, не беше, и не беше бидејќи не изгубивме никаква Македонија, не само што не изгубивме туку се надгради престижот на земјата, рече грчкиот премиер и истакна дека сега земјата е во позиција да може да се насочи кон истокот „каде што е и вистинската опасност“.

Ципрас додаде дека во исто време, грчките, а не турските, воени авиони „се оние кои го надгледуваат воздушниот простор на соседната земја, која е стратешки сојузник“.

За влијанието на договорот, Ципрас објаснува дека постои и влијание и политичка цена, но не во северна Грција како што некои очекуваа и предвидуваа, туку во целата земја, бидејќи Договорот од Преспа ги фрли во сенка позитивните економски владини мерки.

„Горд сум, но сметам дека имаше влијание. Може не се гледа во северна Грција, но имаше во цела Грција. Бидејќи во клучниот период кога земјата излегуваше од меморандумите и земјата дишеше, а јас на Меѓународниот саем во Солун, како премиер, прв пат по осум години најавив позитивни мерки, создаде клима на политичка конфронтација и поларизација, широка поларизација, во која преовладуваше идентитетската, а не економската тема, што во втор план ги стави закрепнувањето, просперитетот и надежта што по големи тешкотии конечно дојде за земјата. Што значи дека ни направи штета. Имаше политичка цена, но не цена на поделба меѓу север и југ, како што некои прогнозираа, туку постоеше на ниво на цела Грција, објасни Ципрас, пренесе МИА.

Во однос на коалицијата со Независни Грци, Ципрас рече дека под нормални услови, требаше да заврши, не во август минатата година кога земјата излезе од меморандумската политика, туку веднаш по потпишувањето на Договорот од Преспа, но тоа не се случи бидејќи, како што објасни, „не можеше да се формира алтернативно прогресивно мнозинство со Движењето на промена и Река, бидејќи и тие му се приклучија на анти-СИРИЗА фронтот“.

Грчкиот премиер во интервјуто за ЕРТ што траеше час и 45 минути, потврди дека предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули.

актуелно Договор преспа ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.