Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Состанок на Конституенцата на ММФ и СБ во Скопје
Економија

Состанок на Конституенцата на ММФ и СБ во Скопје

јуни 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Економските политики и програмите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка (СБ), како и други клучни економски прашања за европската и светската економија ќе бидат теми на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на СБ во која членува нашата земја, што денеска ќе се одржи во Скопје.

Организатори на состанокот се Министерството за финансии и Народната банка, а ќе учествуваат високите претставници на носителите на фискалната и монетарната политика во земјите-членки на Конституенцата, како и угледни меѓународни експерти.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе ги поздрави учесниците на форумот, а обраќања ќе имаат и министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска,
директорите во ММФ и СБ задолжени за Холандско-белгиската конституенца, Антони де Ланој и Кун Дависе, како и потпретседателот на Групацијата на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.

Состанокот, како што се наведува, претставува значајна можност да ја потврдиме подготвеноста да бидеме носители на настани што се на високо експертско ниво.

На состанокот на Конституенцата ќе учествуваат и директорот на Одделот за фискални работи во ММФ, Виктор Гашпар, директорот на Одделот на ММФ за Европа, Пол Томсен, потпретседателката на Групацијата на СБ за човечки капитал, Анет Диксон и потпретседателката на ИФЦ за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија Георгина Бејкер, кои се само дел од претставниците на двете меѓународни финансиски институции што доаѓаат во Скопје.

Потврдено е учество на 10 гувернери на централни банки и четврорица министри за финансии, а како главен говорник и учесник на една од панел-дискусиите е истакнатиот професор Луиџи Зингалез од Чикашкиот универзитет.

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека ова е најголем настан во областа на финансиите во последната декада, а присуството на високите гости е потврда за угледот што го уживаат Министерството за финансии и Владата, за прогресот на реформите во јавните финансии и истовремено е доказ за вистинската насока во која се движи нашата држава.

На состанокот во рамки на основната тема „Како до поправеден систем за сите“, ќе се разговара за сѐ поголемата нееднаквост во доходот, факторите што го предизвикуваат овој тренд, долгорочните и краткорочните последици од тоа врз економскиот раст, но и во повеќе други сегменти од општеството и инструментите и политиките што им стојат на располагање на носителите на политиките.

Притоа, како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, посебен акцент ќе биде ставен на политиките за промовирање поголема конкуренција, ефективно користење на фискалната политика за редистрибутивни цели, подобрување на управувањето во сферата на финансискиот сектор и на инвестициите во човечки капитал.

Предвидено е, покрај дискусиите што ќе се водат заеднички меѓу сите учесници на настанот, во рамки на состанокот во Скопје да се одржат и повеќе билатерални средби и разговори меѓу претставниците на ММФ и СБ и на земјите членки на Холандско-белгиската конституенца.

Во рамки на состанокот вчера во Министерството за финансии ресорниот министер Тевдовски и потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Милер ја презентираа Стратегијата за соработка меѓу Светска банка и Република Северна Македонија во вкупен износ од 420 милиони евра.

Покрај тоа беше потпишан и Меморандум за соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за поврзување на домашните компании со странски, кој е дел од четиригодишната Стратегија за партнерство на земјава со Светска банка.

Меморандумот го потпишаа потпретседателката на ИФЦ во групацијата на Светска банка Георгина Бејкер, министерот Тевдовски и амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада.

Проектот е финансиран од СЕКО.

„Ова партнерство ќе помогне Северна Македонија да стане поатрактивна дестинација за странските производители и ќе го охрабри развојот на локалните производители“, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Како дел од годишните средби на Конституенцата, на Економскиот факултет во Скопје пред студентите одржаа предавања Антони де Ланој извршен директор на ММФ и Кун Дависе извршен директор на Светска банка.

Во Холандско-белгиската конституенца, покрај Холандија, Белгија и нашата земја, членуваат и Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Украина, Хрватска и Црна Гора.

актуелно Конституенца ММФ сб состанок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.