Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи-Сореиде: Норвешка останува силен поддржувач за евроатлантските перспективи на Северна Македонија
Политика

Османи-Сореиде: Норвешка останува силен поддржувач за евроатлантските перспективи на Северна Македонија

јуни 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со делегацијата од Кралството Норвешка предводена од Министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, на која било разговарано за билатералната соработка и за евроатлантските аспирации на нашата земја со посебен акцент на содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека Норвешка е наш важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес.

„Кралството Норвешка не е членка на Европската унија, но таа е наш важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија од самиот почеток, и задоволен сум што продолжува нашата соработка и во претстојниот период, кој претставува одлучувачки за европските перспективи на земјава“, истакна Османи, пренесувајќи ја на Министерката Сореиде благодарноста на Владата за ратификацијата на Протоколот за НАТО, како дел од севкупната поддршка и јасен израз на блиските билатерални односи меѓу двете земји.

За време на средбата, се вели во соопштението, било разговарано за билатералната соработка, проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Северна Македонија, како и за евроатлантските аспирации на нашата земја со посебен акцент на содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и
заклучоците на Европскиот совет.

Османи и Сореиде изразиле заедничко задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС која се отвори минатата година, во насока на имплементација на средствата од Кралствата Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за имплементација на проектите на УНОПС во Република Северна Македонија.

Во оваа насока Османи уште еднаш изрази благодарност за таргетирањето на Секретаријатот за европски прашања, како корисник на овие средства во насока на поддршка на администрацијата во нејзината подготовка за предизвиците кои претстојат, подготвувајќи ги капацитетите за преговори со Европската Унија, изразувајќи притоа уверување дека проектот „Нордиски напредок“ кој УНОПС го спроведува во Северна Македонија успешно ќе ја оствари целта за поддршка на Владата, зајакнувајќи ги капацитетите на администрацијата за интеграција на земјата во ЕУ.

актуелно Османи Сореиде средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.