Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 105-тата седница. На оваа седница ќе бидат поставувани пратенички прашања.
Предвидена е и неформална средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на медиумите, на која се разговара за тековните и идните активности на Собранието.







