Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Активирана апликацијата „МојДДВ“, киоск апарати и баркод читачи на 36 места
Економија

Активирана апликацијата „МојДДВ“, киоск апарати и баркод читачи на 36 места

јули 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Апликацијата МојДДВ преку која граѓаните ќе можат да ги скенираат фискалните сметки веќе е достапна за преземање и подготвена за користење.

Апликацијата е едноставна за користење, а од секој смарт телефон граѓаните може да ја преземат преку веб страницата на Управата за јавни приходи (УЈП).

На 36 места во организациските единици на територија на целата држава се поставени и киоск апарати, баркод читачи и паметни мобилни телефони преку кои УЈП ќе им
овозможи на граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки.

За ова денеска информира в.д. директорката на УЈП Сања Лукаревска на прес-конференција.

Преземање и од „Apple Store“ за корисниците од „iOS“ оперативниот систем, бидејќи станува збор за мултинационална компанија која работи со посложени административни процедури при поставување на апликациите, додаде Лукаревска.

Согласно законските одредби во Законот за враќање на дел од ДДВ, Лукаревска посочи дека едно физичко лице во текот на годината ќе може да си врати 7.200 денари, а четиричлено семејство каде сите ги исполнуваат условите ќе може да си оствари една просечна плата од 28.800 денари.

Таа потсети на условите што граѓаните треба да ги исполнуваат за враќање на поврат на ДДВ, а тоа се: да имаат навршено 15 години, да поседуваат документи за идентификација, своја трансакциска сметка и да се регистрирани на системот на УЈП.

За најава на „МојДДВ“ граѓаните ќе го користат истиот имеил и лозинка од корисничкиот профил на e-pdd.

„Фискалните сметки со износ од 30.000 денари, како и невалидните фискални сметки, односно компјутерските сметки апликацијата МојДДВ нема да ги прифати, ниту преку скенирањето од мобилен телефон, киоск апарати или баркод читачи“, посочи Лукаревска.

Таа информира дека Законот за враќање на дел од ДДВ и начинот на кој ќе се реализира е прв од ваков вид во регионот и, како што рече, е уште една ефикасна мерка за намалување на сивата економија и можност граѓаните и управата да станат партнери во борбата против неформалната економија.

„Веруваме дека граѓаните ќе инсистираат да им се издаваат фискални сметки, а дополнително ќе избегнуваат да купуваат на места каде фискални сметки не се издаваат. И граѓаните и државата имаат корист од оваа мерка. Најмногу ќе изгубат оние кои не издаваат фискални сметки или пак издаваат невалидни со што на граѓаните им го ускратуваат правото на поврат. Повратот на 15 посто од ДДВ е голем и сериозен проект и по својата суштина и по начинот на реализацијата. Токму затоа
беше и се уште е вистински предизвик да се работи на овој проект“, рече Лукаревска.

За сите граѓани кои ќе имаат потреба од поддршка во целиот процес, како што се повозрасните лица и граѓаните од социјално ранливите категории, УЈП, како што рече Лукаревска, е целосно подготвена да им излезе во пресрет.

апликација Мој ДДВ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.