Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Членството во НАТО ќе донесе безбедност и просперитет за земјата и регионот
Македонија

Заев: Членството во НАТО ќе донесе безбедност и просперитет за земјата и регионот

јули 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како следна 30 – та земја во Алијансата сериозни сме да бидеме достоинствена членка, а со ваша помош и поддршка одговорно се поставуваме во чекори и со најновите и најсовремени безбедносни системи, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на денешната презентацијата на „Дигитализација на системот за менаџирање на кризи“ во организација на Центарот за управување со кризи и НАТО.

Како нова земја – членка на НАТО, истакна Заев, се надевам дека ќе се приклучиме формално и целосно до крајот на годината, иако години наназад учествуваме во реализација на НАТО целите и мировните мисии.

Информира дека дваесетина земји членки на НАТО веќе го ратификуваа протоколот за пристапување и најави дека во уште неколку држави во тек е процедурата за ратификација.

Премиерот Заев изрази надеж дека целиот процес ќе биде комплетиран до декември 2019 година на Самитот на НАТО, кога ќе се одбележи 70 годишното постоење со 30 земји членки. Смета дека ако Република Северна Македонија стане 30 членка на Алијансата, тоа ќе биде добра порака за политиките на отворени врати за другите земји кои имаат ваква инспирација.

– Интеграцијата во НАТО ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот како на нашата земја, така и на поширокиот регион. Почетокот на овој процес веќе дава резултати и на економски план, со над 700 милиони долари странски инвестиции и уверен сум дека вистинските перспективи за Северна Македонија и за регионот допрва доаѓаат, рече Заев.

Оваа Влада, тврди тој, го прави потребното преку програмата за продолжување на реформите за да се постигне целосна и фактичка интеграција во НАТО. Тоа подразбира, наведе Заев, и подготвеност на институциите за функционирање на безбедносните и одбранбените системи согласно највисоките стандарди на НАТО. Додаде дека тоа го овозможува и дигитализацијата на системот за управување со кризи и имплементацијата на следната генерација на систем за управување со инциденти во државата, со што се зајакнуваат капацитетите на Центарот за управување со кризи.

Информирајќи дека финансиските средства за целиот проект се обезбедени од страна на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, Заев посочи дека имплементацијата нема финансиски импликации врз институциите во нашата држава.

Утврдено е, подвлече, дека целосната имплементација на проектот ќе се реализира до 1 декември 2020 година, што значи дека нашата држава како 30 – та членка на НАТО ќе има современ дигитален систем за управување со кризи.

Тој се осврна на дел од она што Владата досега го има имплементирано, како што се Стратешкиот одбранбен преглед во јули 2018 година, како основа за развој, трансфопрмација, модернизација и функционирање на националниот систем на одбрана. Се работи на долгорочен план за реформи во одбраната 2019-2028 година, потсети Заев, а зголемено е и учеството на нашата Армија во НАТО мисијата во Авганистан. Со владина одлука се зголемуваат средствата за одбрана за 0,2 отсто од БДП секоја година и има силна политичка волја, рече премиерот, тие да достигнат 2 проценти од БДП пред 2024 година. Заев додаде дека како идна земја членка на НАТО сме подготвени целосно да ги споделиме должностите и одговорностите за зачувување на регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.

– Сите со нетрпение чекаме да ве поздравиме како 30 – та земја членка на НАТО, а се надеваме дека тоа ќе се случи на самитот на 70 годишнината во декември, рече меѓу другото во обраќањето помошникот генерален секретар на НАТО за новите безбедносни предизвици, Антонио Мисироли.

Тој истакна дека Северна Макеоднија е посветена на продолжување на реформите во безбедноста и одбраната.

NICS апликацијата претставува дигитализација на Системот за управување со кризи и овозможува командување со ангажираните ресурси (единици, тимови и МТС) во рамките на секоја институција од Системот за управување со кризи, меѓуресорска координација, соработка и комуникација помеѓу институциите ангажирани на справувањето со инцидентите, кризите и кризните состојби, и размена на податоци и информации (текст, слика и видео содржина) во реално време.

За имплементацијата на NICS – Next Generation Incident Command System – NATO SPS Projekt (Следна генерација на Систем за управување со инциденти) во Република Северна Македонија, на заедничка прес-конференција денеска ќе зборуваат директорот на ЦУК Агрон Буџаку, професорот на Универизтетот МИТ во Масачусетс САД Грегори Хоган и ко-директорот на NATO SPS Project Урим Вејсели.

актуелно безбедност НАТО членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.