Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Законот за ЈО пред пратениците најрано на 29 јули, може да се донесе до крајот на август
Политика

Законот за ЈО пред пратениците најрано на 29 јули, може да се донесе до крајот на август

јули 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Предлог-законот за Јавното обвинителство се уште не е доставен од Владата до Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, а законот би може да биде донесен до крајот на август во случај да се постигне широк консензус, изјави денеска претседателот на Собранието“, Талат Џафери.

Џафери кажа дека прашањето за тоа дали законот би можел да биде донесен до 15 септември му било поставено и од страна на американската амбасадорка Кејт Бернс на денешната средба во Собранието.

Во тој контекст појасни дека законот би можел да биде донесен и до крајот на август доколку постои согласност за него меѓу политичките субјекти во Парламентот со оглед дека за да се донесе потребно е двотретинско мнозинство.

„Доколку денеска и утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање. Потоа во рок од седум дена од првото читање законот треба да помине и на матичната комисија, а од 26 до 30 август може да се свика седница за второ читање на законот. Но, тоа е ситуација доколку се усогласат ставовите“, кажа Џафери.

На средбата со амбасадорката Бернс, како што информира Џафери, станало збор и за случајот „Рекет“ при што се заложиле за ефикасно и соодветно решавање на овој случај од страна на надлежните институции.

„Работите треба професионално да се следат од надлежната институција која треба да излезе со соодветен заклучок со кој би се заокружил третманот на случајот, во смисла на шпекулации за вклученост на засегнати страни“, вели Џафери.

Запрашан дали доколку стигне барање за одземање на имунитет на пратеници, во случај на проширување на истрагата за „Рекет“, тој вели дека Собранието може да се свика и да заседава.

„Собранието по Устав е во постојано заседавање. Каде и да се пратениците се знае дека треба да се подготвени во соодветно време да се вратат. Доколку има потреба, јас треба да планирам со пратеничките групи да имаат информација кој пратеник каде ќе биде за да знаеме во кој рок може да се вратат за да може да имаме соодветна постапка. Во секој случај и да се иницира таква постапка, таа не може да се заврши за
пократко од пет дена, затоа што потребно е прво на Комисија да се донесе предлог-заклучок, па потоа тој предлог заклучок оди на пленарна седница. Значи има доволно време да може да се собере Собранието“, рече Џафери.

На средбата со Бернс станало збор за повеќе прашања од интерес на двете земји, меѓу кои и за евроатлантските интеграции.

Бернс при тоа кажала оти се надева дека до декември ќе биде целосно заокружен
процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО, а станало збор и за отворање на пристапните преговори со ЕУ.

Џафери информира дека до Собранието се уште не е поднесен предлогзакон за ветинг

што го најавуваше ДУИ. За именувањето и надоместокот на ИТ експерти во Комисијата за надзор над ОТА, Џафери кажа дека ова прашање е во надлежност на самата
Комисија, а проблемот треба да се надмине со иницирање на дополнување на законот за следење на комуникации.

Претседателот на Собранието посочи и дека формално одморот на пратениците ќе трае до крајот на август, но вообичаено веќе од 25 -26 август започнуваат со активности комисиите.

Првата наредна седница после одморите Собранието треба да ја одржи во септември, но можно еседница да се свика и порано доколку има потреба.

актуелно закон за јо пратеници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.