Конзулот на Република Северна Македонија во Мештре-Венеција, Италија, Мухамед Ракипи беше во посета на општина Маврово и Ростуше.
На средбата со градоначалникот на општината, Медат Куртовски и неговите соработници стана збор за подобрување на услугите кои ги врши конзулатот за македонските граѓани кои работат и живеат во Република Италија.
Конзулот Ракипи информираше дека по барање на претставниците на здружението „Скудринска дијаспора“ нашинците во Италија конзуларни услуги двапати годишно, во јули и во декември, ќе може да добиваме во Видер.
Ова ќе може да се користи од декември годинава, што ќе биде големо олеснување за нив бидејќи ќе можат да извадат патни листови и да добијат одговор на многу нивни барања, информираа од општината.
Од таму додаваат дека на средбата се разгледани можностите за привлекување инвеститори од Италија во обласа на туризмот и лесната незагадувачка индустрија за што општината има идеални услови, а нуди и многу поволности.
Печалбарите од оваа општина, односно од подрачјето на Река, како и од општина Центар Жупа главно се сконцентрирани во поширокиот регион на Венеција, а ги има околу 10 илјади.
Ракипи имаше средба и со директорот на Националниот парк „Маврово“, Самир Ајдини.







